„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“

Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога ќе сфатите дека не мора да победите во секој спор.

ne-ja-vodi-sekoja-bitka-zamini-za-da-se-poshtedish-sebesi-01.jpg

„Пред да влезете во расправија со некого, запрашајте се дали е таа личност доволно ментално зрела за да го разбере концептот на поинаква перспектива?“

Овие зборови на познатата актерка Хелен Мирен одѕвонуваат како вистина што сите ќе ја разбереме со текот на времето.

Но, честопати е предоцна, откако многупати сме се обиделе да им објасниме на другите нешто што никогаш не сакале да разберат.

Не се сите разговори вредни за да си ја трошите енергијата на нив.

Не секоја дискусија го заслужува вашето времето.

Понекогаш, без разлика колку и да се обидувате да ја објасните вашата гледна точка, личноста од другата страна не ве слуша за да ве разбере - таа слуша само за да одговори.

Или за да се одбрани, нападне, докаже или за да го зајакне сопственото его.

Ваквите дискусии не се дијалог, туку исцрпувачки битки без победници.

Тие ве консумираат емоционално и не носат никакво разбирање.

Понекогаш ви се чини и дека зборувате со ѕид.

Лажната надеж дека некој конечно ќе ве разбере, честопати ве тера да водите предолго разговори што не водат никаде.

И додека изнесувате аргументи, обидувајќи се да ѝ покажете нешто на другата страна, користејќи ја логиката и своето и срце - другата личност одбива „да се помрдне“ од место.

Не затоа што вие грешите, туку затоа што таа одлучила дека не постои друг агол на нештата, друга вистина освен нивната.

И тука завршува секоја шанса за вистински разговор.

ne-ja-vodi-sekoja-bitka-zamini-za-da-se-poshtedish-sebesi-02.jpg

Но, вашиот мир вреди повеќе од доказите.

Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор.

Зрелоста е кога ќе сфатите дека не мора да победите во секој спор.

Кога ќе научите да го заштитите својот мир, да не ја трошите душата обидувајќи се да му објаснувате работи на некој што никогаш навистина не сакал да ве чуе.

Не мора да им објаснувате на сите што мислите, чувствувате или зошто сте избрале одреден пат.

Некои луѓе не се подготвени да разберат. Некои едноставно не се „вашите луѓе“.

Понекогаш е најмудро да си заминете - најголемиот знак на внатрешна сила не е гласното докажување, туку тивко повлекување.

Не затоа што немате што да кажете, туку затоа што знаете дека нема кому да му го кажете тоа.

Тоа не е слабост. Тоа е зрелост.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg