Скопска пешачка (не)култура - зошто да чекам на црвено?

Секое утро додека одам на работа и секое попладне кога пешачам накај дома, ја гледам истата скопска (не)култура кај пешаците – луѓе кои претрчуваат на црвено, бидејќи тие 10 секунди што ќе почекаат на семафор, ќе им сменат многу во животот.

skopska-peshachka-ne-kultura-zoshto-da-chekam-na-crveno-01.jpg

Веќе подолго време одам по една иста маршрута накај работа – преку Градскиот парк и Дебар маало, преку „Партизанска“ до канцеларија. Мислам дека во изминативе 3 месеци на прстите од едната рака можам да избројам колку пати сум чекала на семафор, без некој пешак, тротинет, велосипедист или доставувач на храна да не помине на црвено.

Како само да чекаат да нема автомобил во близина и без размислување тргнуваат. Не размислуваат или, пак, си мислат - Зошто да чекам на црвено кога нема автомобили?

skopska-peshachka-ne-kultura-zoshto-da-chekam-na-crveno-10.jpg

Видов буквално сè - девојки нашминкани и средени за на работа, дотерани госпоѓи постари од 60-70 години, мажи во костуми што се совршено испеглани, тинејџери што одат или се враќаат од училиште.

А кога еден ќе тргне, си повлекува нога, па по него/неа оди и втор, и трет... Уште пострашно е што, откако некој возрасен ќе „претрча“ на црвено, по него тргнуваат и деца.

skopska-peshachka-ne-kultura-zoshto-da-chekam-na-crveno-13.jpg

Сигурно си мислат дека е безбедно или дека така треба. Не погледнуваат, само одат.

Како да ќе им сменат оние 10 секунди во кои ќе подзастанат и ќе почекаат да се вклучи зеленото светло за пешаци, па да продолжат понатаму.

skopska-peshachka-ne-kultura-zoshto-da-chekam-na-crveno-15_copy.jpg

Ако им избега автобусот – ќе дојде друг.

Ви текнува како нè учеа бабите? По дечко и по автобус не се трча!

skopska-peshachka-ne-kultura-zoshto-da-chekam-na-crveno-12.jpg

Ако доцнат некаде, во време кога секој има мобилен, може да се јават и да кажат дека ќе задоцнат.

Па, зарем не е подобро да почекаме, отколку свесно да се изложуваме на опасност, бидејќи „брз/а сум, ќе претрчам пред да дојдат автомобилите“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев во кино во Битола и се разочарав од нашата некултура - седиштата преполни со отпад, гласни разг... Расфрлени пуканки насекаде, празни ќеси и конзерви од пијалаци. Седиштата беа пр...
„Немаме култура – ни во маркет, ни во јавен тоалет“ Можеби повеќе од апсурдно е да се зборува за тоа како треба вистински да се одне...
Белег на македонската култура и наша гордост: Како се изработувале македонските народни носии?  Македонската жена од руралните краишта е таа која часови и часови поминува...
Чекаме некој да се најде во амбисот за да му подадеме рака - Каде отиде хуманоста? Заборавивме да си помагаме без да очекуваме едната или другата страна да го поба...
Македонската носија ја изеле молците, историските книги сме ги затвориле во ковчег - Дали ги почитув... Зарем тука пукнала стомната, па водата од неа ги избришала сите спомени кои вечн...
Бев во Охрид и се разочарав од нашата некултура - Бродови заглавени во пластични шишиња, најлонски к... Го чувствувате ли мирисот на отпадот расфрлан по улиците? Не го покривајте носот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg