Скопска госпоѓо, со дрскиот тон и надмен однос знаеш кога ќе те услужат пак? Никогаш!
Што си се умислила толку? Жена со моќи на божество? Најпаметната? Најубавата? Што си? Ништо од горенаведеното. Потценуваш малограѓанштина, а од А до Ш ти си дефиниција за истото. И од вакви госпоѓи мене ме боли еден ден главата, но нив ќе ги боли цел живот!

Скопска госпоѓо, иако не е соодветно госпоѓо затоа што имаш 0 манири, иако глумиш дека си натпросечно интелигентна и преначитана, сепак ќе ти се обратам така и ќе ти кажам - Не се прави тоа така!
Не ги гледаш луѓето одгоре и не се обраќаш со навредлив и потценувачки тон одгоре. Не се обраќаш дрско и безобразно, завиено во демек безболна форма.
Кажи директно и љубезно, ќе ти биде завршена услугата, а не ти со носот до небо и поглед одгоре така да се обраќаш.
Што си се умислила толку?
Жена со моќи на божество?
Најпаметната?
Најубавата?
Што си?
Ништо од горенаведеното.
Само еден просек, што се топи во масата, и што среде својата очајна потреба да се истакне ќе глуми дрскост.
Немој, те молам! Животот е прекраток, а денов преубав за ти да ми го уништиш.
Знам дека сакаш да се чувствуваш важно и видено и тоа те мачи, но ќе ти дадам пријателски совет – ова не е вистинскиот начин за тоа.
Не си помагаш, само си одмагаш.
Патот до славата, успехот, вниманието, не е поплочен со потценувачки зборови и газење на другите, поплочен е со добри намери и однесување кое е пример за другите.
Потценуваш малограѓанштина, а од А до Ш ти си дефиниција за истото.
И од вакви госпоѓи мене ме боли еден ден главата, но нив ќе ги боли цел живот!
Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
