Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли да влезе во вода

Колку е тажно тоа... Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајка и нејзината мала ќерка како влегуваат во вода, облечени во многу убави костими за капење - но со лажна слика на совршенство.

majka-pravi-sovrsheni-fotki-na-bazen-si-zboruva-na-telefon-i-ne-ja-poglednuva-kjerkichkata-shto-ja-moli-da-vleze-vo-voda-01.jpg

Мајката, со совршено опуштени кадрици, врзани со соодветна лента, ги помина првите неколку минути разговарајќи на телефон со пријателка, додека нејзината ќерка стоеше чекајќи да влезат во базенот.

Мајката го заврши разговорот и почна да ги реди играчките за вода и кремата за сончање врз пешкирот.

Потоа, откако ги пронајде вистинскиот агол и вистинското светло, го извади триподот и направи неколку селфиња со нејзината ќерка.

Малото девојче побара да влезе во базенот.

Мајката ѝ рече да почека, а потоа таа самата позираше покрај базенот, повторно влегуваше и излегуваше од него.

majka-pravi-sovrsheni-fotki-na-bazen-si-zboruva-na-telefon-i-ne-ja-poglednuva-kjerkichkata-shto-ja-moli-da-vleze-vo-voda-03.jpg

Малото девојче, пак, широко се насмевнуваше и велеше „чиииззз“, како да го направила тоа милион пати претходно.

Дури потоа мајка ѝ ѝ рече дека може да влезе во базенот.

Малото девојче пливаше неколку минути.

Мајката повторно се јави кај својата пријателка и започна друг разговор, додека нејзината ќерка неколкупати учтиво ја праша:

„Мамо, можеш ли да дојдеш со мене во водата, те молам?“

Таа ја игнорираше.

„Мамо, дали сакаш да си играш со мене?“ - праша уште 4 пати.

Мајката ја погледна, но никогаш не го спушти телефонот.

По десет минути, го заврши разговорот, ја тргна кремата за сончање што никогаш не ја нанесе, играчките за вода што никогаш не ја допреа водата, а потоа нејзината ќерка излезе од базенот.

majka-pravi-sovrsheni-fotki-na-bazen-si-zboruva-na-telefon-i-ne-ja-poglednuva-kjerkichkata-shto-ja-moli-da-vleze-vo-voda-02.jpg

Седев таму некое време размислувајќи за она што го видов.

Ги замислив сликите што ги направи - совршено монтирани и објавени на социјалните мрежи со наслов: „На базен со моето мало девојче!“

Некаде, некоја друга мајка ќе биде дома со своите деца.

Во домот ќе биде хаотично од играта на децата, косата ќе ѝ биде несредена, а облеката ќе ѝ биде извалкана со плунка или џем.

Ќе биде уморна зашто целиот ден го поминала готвејќи, грижејќи се, чистејќи и играјќи со децата.

Ќе ја погледне таа фотографија и ќе се спореди со „идеалната мајка“ од базенот.

Чувството на вина ќе ѝ шепне на уво:

„Не си доволно добра...“, „Не изгледаш како таа мајка на базенот...“, „Немаш пари за толку скапи костими за капење и немаш време да создаваш спомени како неа...“.

И таа млада мајка ќе поверува во тоа. Ќе се чувствува како да потфрлила.

majka-pravi-sovrsheni-fotki-na-bazen-si-zboruva-na-telefon-i-ne-ja-poglednuva-kjerkichkata-shto-ja-moli-da-vleze-vo-voda-04.jpg

Никогаш нема да знае како таа друга мајка навистина го поминала тој ден - и дека она што го направила било многу повредно во очите на нејзините деца од она што било прикажано на таа „совршена слика од базен“.

Она што го гледаме на социјалните мрежи не е секогаш вистина.

Понекогаш - и често - тоа е вистинска стапица. Се едитира и филтрира. Тоа е лажно.

Понекогаш гледаме апсолутно прекрасни слики од одмор, прекрасни домови и совршено фризура - но тоа е само еден момент.

Понекогаш е исценирано.

Затоа... Мамо, не се споредувај.

Ти си доволно добра. Неверојатна си и најдоброто од сè - вистинска си!

Твојата валкана кошула, твојот неред и твоите среќни деца се реален доказ дека добро си ја вршиш работата!

Извор

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg