Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Си канат гости за секс, а не се симнуваат на рецепција да ги пречекаат за да не бидат видени“

„Иако се дојдени во луксузен хотел, има гости кои оставаат хаос во нивните соби, па собарките едвај успеваат да го средат нередот, а за тоа мора да им се наплати дополнително. Неколкупати месечно има соба со расфрлена тоалетна хартија, со ќебе постелено на под, а врз него поставени чинии и остатоци од храна – како да се на пикник во парк, а не во хотел“, раскажува дечкото од рецепција за CRNOBELO.com, директно од хотелот во една европска метропола каде работи.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 4

Сите посакуваме да престојуваме во луксузни хотели. Сета таа елеганција, раскош и беспрекорна услуга го прави човекот да се чувствува важен. Некои тоа можат лесно да си го дозволат, а некои можат само да сонуваат. За жал, таква е реалноста. 

Но, приказната добива сосема поразличен тек ако работиш во таков хотел и случувањата ги набљудуваш од зад полираните мермерни шалтери и ти си тој што постојано треба да им се насмевнува на гостите. Да не се разбереме погрешно – нема ништо лошо во тоа.

Да, има напорни денови, стресни ситуации, неправди и многу забавни моменти, дофрлувања и шеги. Ако успееш да поставиш јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот, но и ако имаш доволно нерви и толеранција кон сè она што може да те очекува таму, тогаш секој нов ден знае да биде посебно доживување.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 2

Нема да го именувам хотелот. Еве, може да биде во која и да е европска метропола, затоа што вакви случувања се нераскинлив дел од хотелиерството. Париз, Барселона, Берлин, Милано… Приказните се исти, само гостите различни!

Ќе почнам со неколку ситуации што прво ќе ми паднат на памет. Тоа се оние што постојано се повторуваат.

Рецепцијата буквално ти е нервен систем на секој хотел, па кога работиш како рецепционер, без разлика дали дневна или ноќна смена, биди подготвен да се соочиш со многу агресивни и патетични испади од страна на гостите.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 8

Ќе ти се јави некој од клиентите кој веќе се наоѓа во соба и од нигде никаде ќе почне да ти вика како не можел да го вклучи телевизорот, да се поврзе на интернет или како немал кафе во мини-барот. Буквално за некои безначајности, како ти да си виновен за сите тие пропусти.

Или имав една ситуација кога бев сам на смена заедно со обезбедувањето. На рецепција се симна жена од Португалија, која не зборуваше англиски и ми врескаше во фаца дека фенот не ѝ работел, а косата веќе половина час ѝ била мокра.

Го пробувам истиот фен, си функционира беспрекорно! На крај одам со неа во собата и има што да видам. Жената цело време пробувала да го приклучи фенот на американскиот штекер во бањата, без да се освести дека треба фенот да го приклучи во европскиот, кој се наоѓа на 1 метар од неа.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 7

Иако се дојдени во луксузен хотел, имаш гости кои оставаат хаос во нивните соби, па собарките едвај успеваат да го средат нередот, а за тоа мора да им се наплати дополнително.

Скоро по неколкупати месечно има соба со расфрлена тоалетна хартија, со ќебе постелено на под, а врз него поставени чинии и остатоци од храна – како да се на пикник во парк, а не во хотел.

И покрај забраната за пушење, се наоѓаат и оние мангупи кои пушат по соби, па воопшто не се грижат да се скријат отпушоците, туку ќе ги фрлат во мијалинкот или ќе ги изгаснат од некоја чинија. Овие случки најчесто се пропратени од млади луѓе.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 10

Апликациите за запознавање се посебна тема.

Имаш гости кои ќе договорат дејт со некој/а, без да сакаат да се спуштат на рецепција и да ја однесат во соба личноста со која планираат да се забавуваат. Туку им викаат да побараат на рецепција уште една картичка за да можат да се качат во лифтот.

На нам од рецепција многу ни е јасно тоа, и уште веднаш ги препознаваме тие поединци. Секако не им даваме нов клуч, па така истата личност ќе остане да си чека пред хотелот сè додека на крај не одлучи да си замине.

Од друга страна, гостинот за да не биде виден од некој не сака да се симне на рецепција.

Ги имаш и оние клаустофобични гости кои не сакаат да влегуваат во лифт.

Во тој случај им ги покажуваме скалите, но за да се качат на кој било кат мора вратите да им биде отворени од страна на некој од вработени (инаку секој би имал пристап до собите). Па, така, по неколку пати дневно им помагаш на луѓето да побегнат на клаустофобија.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 6

Исто така, често се соочуваш со пијани гости кои после забава ќе се вратат во хотелот и ќе прават толкава врева, што гостите од соседната соба ќе се јават на рецепција да се жалат. Или алкохолизирани поединци кои видно вознемирени ќе дојдат на рецепција да ти бараат помош затоа што некој ги опљачкал на улица.

Пред неколку недели во три сабајле се врати еден гостин со кутија пица и ми побара чинија и прибор за во соба, додека да му донесам од кујната тој си заминал, а корката од тестото на пицата наместо да ја фрли во канта, ја скрил зад една вазна во лобито.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 1

Од друга страна имаш и такви гости кои не можејќи да спијат ќе се спуштат на рецепција и ќе ти прават муабет. Понекогаш се водат навистина интересни разговори.

Мислам дека е доста за сега. Ова се само секојдневни ситуации, иако има уште многу откачени моменти, кои за среќа не се толку чести! Тоа во некоја наредна пригода.

prikazni od recepcija situacii sto postojano se slucuvaat po luskuzni hoteli 9

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Дечкото од рецепција / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава