Ќе ѝ помогнеш на „будалата“ да прогледа, па ќе види сè освен тебе

Кога ќе помогнеме некому и нема да добиеме ниту едно „Благодарам“ може да се почувствуваме разочарано и издадено.

kje-i-pomognesh-na-budalata-da-progleda-pa-kje-vidi-se-osven-tebe-001.jpg

Во животот често им пружаме помош и поддршка на оние кои ни се блиски со надеж дека добрината ќе ни биде ценета и можеби еден ден возвратена.

Но реалноста често нè соочува со она: „Ќе ѝ помогнеш на „будалата“ да прогледа, па ќе види сè освен тебе“.

Помагањето на другите го правиме од срце, со искрени намери и со цел да го подобриме животот на другите.

Но, за жал, некои луѓе кога ќе добијат помош не се благодарни и не го ценат трудот кој е вложен за да им се помогне. Тие си се фокусирани на сопствените промени и успех и забораваат кој им помогнал на патот до тој успех.

Тие како да не ја препознаваат помошта што им е дадена и како да не знаат дека треба да се заблагодарат за истата.

И кога ќе помогнеме некому и нема да добиеме ниту едно „Благодарам“ може да се почувствуваме разочарано и издадено

Убаво е да се помага без очекување ништо за возврат, но некако во нашата човекова природа е да очекуваме барем едно мало заблагодарување.

Но, ако веќе се одлучиме некому да помагаме мора да се дистанцираме од очекувањата за да се заштитиме себеси од разочарувањето дека сме помогнале на „будала“ да прогледа, а не сме добиле ништо за возврат, затоа што тоа, за жал, често се случува.

Извор фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg