Само еден здравствен проблем кај детето и светот ни се руши

Го гледаме нашето малечко исцрпено, нерасположено и беспомошно. Душата ни се кине зошто ова му се случува и дури тогаш сфаќаме дека всушност пред тоа сме биле среќни. Само... Не сме ценеле!

samo-eden-zdravstven-problem-kaj-deteto-i-svetot-ni-se-rushi-001.jpg

На моменти работите ни одат совршено како по некоја листа за среќен живот од магазин.

Сè штиклирано, доживеано, на тацна послужено и ние пак ќе најдеме некоја ситница и ќе си измислиме проблем.

Зошто? Мислам дека во човековата природа е тоа.

Постојано незадоволни и во трка за повеќе.

Но, тогаш ќе ни се случи нешто. Еве на пример еден минимален здравствен проблем на нашето дете, пример некој вирус. И тогаш всушност сфаќаме колку сме биле среќни пред тоа, колку работите сме си ги земале здраво за готово и колку не сме ги ценеле.

Го гледаме нашето малечко исцрпено, нерасположено и беспомошно. Душата ни се кине зошто ова му се случува и дури тогаш сфаќаме дека всушност пред тоа сме биле среќни.

Сега, ова е немир на душата и причина за (краткотрајна) несреќа.

samo-eden-zdravstven-problem-kaj-deteto-i-svetot-ni-se-rushi-02.jpg

И потоа повторно го гледаме во одлична форма и си велиме тоа е, толку е, сега ќе ценам сè што имам.

И тоа повторно трае 3 дена. И повторно тука на сцена стапуваат апетитите и трката.

Но, кога ќе кажеме СТОП? Кога ќе застанеме и ќе уживаме во моментот? Кога ќе си кажеме „Да, сега сум на местото на кое отсекогаш посакував да бидам“?

Што е тоа што не ни дава мир и брзаме да грабаме за повеќе?

И дали сите го чувствуваат ова или само дел од нас? Оние со душа немирна, кои знаат дека светот е таму, а ние живееме склопчени само во едно негово мало ќоше...

Секогаш може повеќе, секогаш може подобро...

Но, дали треба да се сетиме дека и секогаш може полошо?

Дека всушност имаме сè што е потребно за срцето да ни пее? Дали треба подобро да ги протриеме очите и да си кажеме „Да, ова ми е доволно за среќа“?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
10 докази дека вековите минуваат, а проблемите на луѓето остануваат исти (низ илустрации) Родителите и понатаму мачат исти маки со децата, жените секогаш се жалат дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg