Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео)

Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа звучи супер забавно. Ваква изведба на песната немате слушнато досега...

koki-jankov-i-del-od-estradata-kako-zvuchi-violina-i-gitara-koga-ja-peat-nashite-dzvezdi-video-01.jpg

Кога во 1996-та година Дуле и Коки победија на „Макфест“ со песната „Виолина и гитара“, станаа вистински музички ѕвезди.

Публиката ги обожаваше и претходно младите музичари од Штип, кои со својата гитара и виолина ги правеа едни од најзабавните свирки низ Македонија, но по песната чиј наслов беше инспириран токму од нив двајцата, станаа уште попопуларни од тоа што беа.

По смртта на Дуле, Коки продолжи да ја пее сам, но секогаш со многу емоција и тага по својот починат пријател.

Овој безвременски хит в година ќе одбележи 30 години постоење, а во пресрет на јубилејот, но и појавувањето на Коки на „Макфест“, го замоливме него и неколку наши пејачи да ни ја испеат песната што и денес е синоним за Дуле и Коки.

Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат Коки Јанков, Ана Петановска, Павле Камилоски, Пајак, Јана Бурческа, Димитар Андоновски, Мартинијан Кириловски, Димитар Атанасовски, Јован Јованов и Ламбе Алабаковски?

Слушнете ја песната во видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роберт Јанков за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од родителска“ „Во живо си повисок е најсмешниот комплимент што сум го добил“, напиша водителот...
„Ако жена денес објави ваква фотка на Инстаграм ќе добие куп критики – Софија Лорен е симбол за секс... Софија Лорен јаде тестенини, пие црвено вино, ужива во животот и воодушевува со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg