„Леле, нема да правиш давање збор, свадба, мекици – срамотааа“ - Ах, Македонијо, до кога?

Зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека „мора да биде“? Ништо не мора! Не мора да организирам прослави, ниту да правам работи, само за да ја усреќам тетка ми е од петто колено. Јас ги сакам нашите традици, но изборот која традиција ќе ја испочитувам ја правам селективно, според моите гледишта и вкус. А вие?

lele-nema-da-pravish-davanje-zbor-svadba-mekici-sramotaaa-ah-makedonijo-do-koga-001_copy.jpg

Да разјаснам – не, не сум против нашите традиции.

Некои од нив навистина ми се допаѓаат и ги практикувам. Но, изборот која традиција ќе ја испочитувам ја правам селективно, според моите гледишта и вкус.

Не сум јас од оние луѓе кои прават работи затоа што така треба.

И, моите блиски ме знаат како таква, и токму затоа ми беше чудно кога една блиска личност ме осуди кога се одлучив дека нема да организирам една од овие традиционални прослави со одреден повод.

И нема да кажам која за одново да не си навлечам поделени мислења.

Но, навистина ме интересира зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека нешто „мора да биде“?

Зошто да мора? Во животот ништо не мора!

Мора да го правиме само тоа што ние сакаме да го правиме, само тоа што нам ни предизвикува среќа и задоволство и само тоа во кое уживаме.

Животот и онака е доволно црн на моменти и мораме да се справуваме со несакани здравствени дијагнози или со неподносливи шефови или со исфрустрирани сосетки, зошто тогаш да мораме и да славиме работи така како што другите ни наложуваат?

Јас одамна си кажав дека ништо не морам и можам да кажам дека тоа е мојот рецепт за среќа.

Не морам да правам работи од култура.

Не морам да кажувам работи што не ги мислам.

Не морам да глумам насмевки пред луѓе што не ги сакам.

Не мора да организирам прослави за да ја усреќам тетка ми е од петто колено.

И верувам и дека и ти не мораш...

Да се мажиш само затоа што другите така ти рекле.

Да се смееш кога ти се плаче.

Да работиш премногу, а да си платен/а премалку.

И сметам дека мораш да се избориш за да не ги мораш овие работи.

Пред сè, да се убедиш самиот/самата себеси дека мораш само тоа што ти сметаш дека треба и дека е правилно.

И дека не мора да се правиш себеси несреќен/а во име на тоа да ги направиш другите среќни.

И ќе ти биде полесно.

Ќе живееш поубаво.

Дури и тогаш кога другите ќе ти ја постават дијагнозата дека страдаш од к**оболие (се извинувам на изразот, но така велат).

Среде вакво општество, само со ваква дијагноза можеш да се избориш за својот раат, мир, среќа.

Нека те осудат – слободно!

Сè додека не им наштетуваш на другите, тоа е твое право и избор.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам и сега не ми можеш ништо „Навистина ништо не можеш да ми направиш. Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш. П...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg