Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам и сега не ми можеш ништо

„Навистина ништо не можеш да ми направиш. Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш. Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам. Се издигнав од сè, храбро, борбено, свесно. Продолжив понатаму...“

prezhiveav-neshto-shto-nikogash-ne-mislev-deka-kje-go-prezhiveam-i-sega-ne-mi-mozhesh-nishto-01.jpg

Милица Оливер е поетеса и писателка од Србија, која дел од своите дела сака да си споделува со нејзините следбеници на Фејсбук, па така беше и овој пат кога сподели извадок од книгата на која работи периодов.

Станува збор за книгата „Повеќе не сум иста“.

НИШТО НЕ МОЖЕШ ДА МИ НАПРАВИШ

Навистина ништо не можеш да ми направиш.
Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш.

Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам.

Се издигнав од сè, храбро, борбено, свесно.
Продолжив понатаму давајќи си уште една шанса.

Навистина ништо не можеш да ми направиш.

На оној што еднаш ја видел пеколната болка,
злобата на завидливите луѓе
не му е препрека.

Ја заобиколувам, лесно ја прескокнувам,
не се занимавам со нив.

Навистина ништо не можеш да ми направиш.

Можам самата на себе да си бидам и маќеа и мајка,
и најлош непријател, но и добра самовила.

За себе, сепак, избирам да бидам најубавото
што можам да му го понудам на светот.

ЈАС ИЗБИРАМ ДА БИДАМ ЉУБОВ.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg