Ретро носталгија: Се сеќавате ли кога во дневни весници читавме најава што ќе има на ТВ програмата?

Ах, порано кога времињата беа поедноставни, сè беше некако помагично, зарем не? Се сеќавате ли кога сите купувавме дневни весници и, покрај другото, читавме најава што ќе има на телевизија?

retro-nostalgija-se-sekjavate-li-koga-vo-dneven-vesnik-chitavme-najava-shto-kje-ima-na-tv-programata-01.jpg

Во времето кога се запишував на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, отсек „новинарски студии“, сонував дека ќе работам во печатен медиум.

Дека секојдневно ќе го чувствувам мирисот на мојата приказна „тазе испечатена“ на белите страници.

Но, времињата се променија и во оваа дигитална ера весниците и магазините во Македонија, за жал, се сведени на минимум.

И додека порано во киосците требаше да се помислите кој дневен весник да го купите, денес изборот е навистина скромен.

И јас подеднакво уживам во мојата новинарска работа и во електронски медиум, но секојпат кога ќе видам нешто што ме потсетува тоа време ми доаѓа топло на душата.

Па, така, една објава на Твитер ми ја разбуди ретро носталгијата и ме врати во минатото...

Ме врати во времето кога во дневните весници имаше најава за ТВ програмата и си читавме што и во колку часот ќе гледаме во наредните денови.

Сосема поинаков начин на живот беше тоа, нели?

Денес сè е побрзо и полесно достапно, но, лично за мене, тогаш сè беше помагично!

Порано кога времињата беа поедноставни, работите повеќе ги ценевме, нели?

Уште неколку фотографии од ТВ програмата во весниците, од Фејсбук групата „Ретро ризница“:

retro-nostalgija-se-sekjavate-li-koga-vo-dneven-vesnik-chitavme-najava-shto-kje-ima-na-tv-programata-05.jpg

retro-nostalgija-se-sekjavate-li-koga-vo-dneven-vesnik-chitavme-najava-shto-kje-ima-na-tv-programata-04.jpg

retro-nostalgija-se-sekjavate-li-koga-vo-dneven-vesnik-chitavme-najava-shto-kje-ima-na-tv-programata-03.jpg

retro-nostalgija-se-sekjavate-li-koga-vo-dneven-vesnik-chitavme-najava-shto-kje-ima-na-tv-programata-02.jpg

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
Росана Сариќ на календар, Дарио во бунда - Ретро-фотки кои ќе измамат насмевка на сите што растеа во... Наум Петрески млад во нукрачко одело, Тијана со црвена коса, Ребека во бикини - ...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...
Носталгија: Насловни страници од ИКЕА каталозите низ годините – колку се променија трендовите за уре... Од традиционалниот винтиџ стил со дрво во 50-тите години, до топлото уредување в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg