Фотки што будат носталгија - Дали би растеле во 1980-тите или денес?
Модата беше смела, шарена, музиката незаборавна (песните се хитови и денес), а пријателствата се создаваа преку разговори лице в лице, а не преку екрани. Забавата ги зближуваше луѓето, а обичните моменти честопати стануваа спомени за цел живот. Ги памтите ли овие времиња?

Многумина ги паметат 1980-тите како години на слобода, креативност и искрени човечки односи.
Пред појавата на паметните телефони и социјалните медиуми, дружењето значеше целосно присуство во моментот.
Деновите ги поминувавме надвор, парковите беа преполни, немаше толку автомобили и гужви по улиците, музика се пушташе од касети, а одењето во кино за да се гледа некој нов филм беше настан што не смееше да се пропушти.
Модата беше смела, шарена, музиката незаборавна (песните се хитови и денес), а пријателствата се создаваа преку разговори лице в лице, а не преку екрани.
Забавата ги зближуваше луѓето, а обичните моменти честопати стануваа спомени за цел живот.
Секако, секоја декада си има свои предности, секоја генерација ужива во тоа што ѝ го носи денот.
Но, многумина со носталгија се сеќаваат на осумдесеттите поради побавното темпо на живот, силното чувство за заедница и поедноставниот секојдневен живот.
Па, ако можете да изберете, дали би сакале да растевте во осумдесеттите или денес?
Погледнете ги фотографиите (кои ги опишуваат овие години во времето на Југославија) и денешните модерни времиња:
Друштвото во локал некогаш vs. денес

Играчки за децата некогаш vs. денес

Модата некогаш vs. денес

Дружењето на децата некогаш vs. денес

Семејните седенки некогаш vs. денес

Како се купуваше автомобил некогаш vs. денес

Љубовни пораки некогаш vs. денес

А. Ј. | Црнобело