Топ 20 песни кои ги одбележаа ‘90тите (видео)

Сигурно се сеќавате на хитовите кои деноноќно си ги потпевнувавте и не ни верувавте дека токму тие ќе станат безвременски мелодии. Некои се напишани од љубов, некои од омраза, но ниту еден ретро хит не беше напишан и испеан заради популарност.

top-20-pesni-koi-gi-odbelezaa-90tite-video-01

Која и да е нивната тематика, тие дефинитивно ги одбележаа ’90 години.

20. MC Hammer - U Can t Touch This

Сите кои растеа во почетокот на ‘90тите мора да се сеќаваат на овој хит. 1990 година дефинитивно беше годината на MC Hammer, смешните пантолани и препознатливиот танц.



19. Soundgarden - Black Hole Sun

Само 15 минути му беа потребни на Крис за да ја напише оваа песна, која беше апсолутен хит во 1994 година. Прво мислел дека овој сингл ќе биде одбиен од страна на групата, но дефинитивно имал погрешна проценка - награден е за најдобра рок изведба.



18. Lenny Kravitz - Fly Away

Четвртиот сингл од албумот на Лени Кравиц од 1990 година, до ден денес е неговата најуспешна песна. Таа го донесе до самиот врв, по чие објавување беше номиниран за најдобра рок изведба на Греми наградите.



17. Robbie Williams - Angels

Самиот Роби Вилијамс признал дека овој сингл ја спасил неговата кариера. Песната страна огромен хит, по што во 2005 година е прогласена за најдобрата песна во последните 25 години.



16. Oasis - Wonderwall

Кога овој хит излезе, уште во 1995 година, започнаа голем број на гласини на кого е посветена. На кој и да беше, бендот од Манчестер го лансираше на самиот врв по само неколку недели.



15. The Verve - Bitter Sweet Symphony

Одлична песна, базирана на песната на Ролинг Стоунс, заради што имаше голем број на расправии, па  е прогласена за плагијат. Но, и покрај тоа во 1997 година ја освои Велика Британија и Европа.



14. The Prodigy - Smack My Bitch Up

Издадена е во 1997 година и засекогаш е запаметена по еден од најконтроверзните спотови на сите времиња.



13. Bruce Springsteen - Streets Of Philadelphia

Песната која беше дел од првиот експлицитен филм на тема СИДА постигна огромен успех во светски рамки. Освен тоа што беше номинирана за Оскар, наградена и со 4 Греми награди.



12. Coolio - Gangsta's Paradise

Во 1995 година беше еден од најпродаваните синглови во САД и се наоѓа на 69 место на листата за најдобри песни на сите времиња. Со продадени 5,7 милиони копии, заслужено го чува своето место до ден денес.



11. TheFugees - Killing Me Softly

Групата која издаде само 2 албуми постигна неверојатен успех токму со оваа нумера. Главниот вокал изненади со своите способности, по што во 1996 година беше најпродаван сингл.

Уште 10 песни на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg