Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По примерот на Ганди: Секоја навреда може да се „изврти“ во ваша корист

Кога Ганди студирал право на колеџот во Лондон, имал професор со презиме Питерс, кој бил непријателски настроен кон Ганди. Но, Ганди никогаш не ја спуштил главата пред неговите „аргументи“ кои биле многу чести.

po-primerot-na-gandi-sekoja-navreda-moze-da-se-izvrti-vo-vasa-korist-1

Еден ден, господинот Питерс ручал во трпезаријата на универзитетот и Ганди му се приближил со храна во рацете и седнал до него.

Професорот, со огромна доза на ароганција, рекол: „Господине Ганди, вие не разбирате... Свињата и птицата не седат заедно да јадат.“

Не тоа Ганди му одговорил: „Не грижете се, јас ќе одлетам.“

Господинот Питерс, зелен од бес и лутина одлучил да му се одмазди на следниот тест, но Ганди реагирал извонредно на сите прашања.

Тогаш, професорот му го поставил последното прашање: „Господине Ганди, ако одите по улица и пронајдете пакет во кој има мудрост и пакет во кој има пари, кој од нив ќе го земете?“

Без мислење, Ганди одговорил: „Тој со парите, нормално.“

Господинот Питерс се насмевнал и му рекол: „Јас на ваше место би ја земал онаа вреќа во која е мудроста...“

„Секој човек го зема она што му е потребно,“ одговорил Ганди.

Господинот Питерс, веќе хистеричен од лутина, на тестот му напишал „идиот“ и му го предал на Ганди. Тој го земал и седнал на место.

Неколку минути подоцна, Ганди повторно се доближил до професорот и тивко му рекол: „Господине Питерс, го потпишавте тестот, но заборавивте да ми ставите оцена...“

*Оваа приказна е хумор кој ви докажува дека се може да се изврти во ваша корист.

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Поучна приказна која за 30 секунди ќе ве научи мудрост за цел живот Еден млад човек му се обратил на еден мудар старец со зборовите: „Толку си мудар...
Поучна приказна за двајцата пријатели кои шетале низ пустината - за лутината и добрината Двајца пријатели патувале низ пустината. Долго време оделе заедно, споделувајќи ...
Луди работи кои ги правевме во времето на „Млади бунтовници“ (денешните деца нема да ги разберат) Праќавме СМС пораки за кратка содржина за новата епизода, собиравме постери и сл...
10 работи што ги правеа родителите во 1980-те, а за кои денес ќе бидат осудени од околината Порано родителите ги возеа децата без заштитни појаси, ги оставаа сами заклучени...
Мудри совети од една баба: Не оди каде што не си поканет, не влегувај во туѓи спални Не зборувај за она за што не си запознаен, не го отворај фрижидерот по туѓи куќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg