10 Работи кои најмногу ни недостигаат од детството: Касетите, писмата...

Живееме во време кога филмовите се гледаат на Интернет, фотографиите се чуваат во мобилен, а на луѓето сѐ повеќе им недостигаат работите кои ги развеселувале во детството.

10-raboti-koi-najmnogu-ni-nedostigaat-od-detstvoto-kasetite-pismata-2

Снимањето аудиокасета, развивање филм, пишувањето писма, како и чекањето на истите буди носталгија кај секого.

Денес сѐ е поинаку, но сепак понекогаш навистина ни недостигаат 90-те и овие неколку работи:

1. Снимање на песна од радио

Брзаш да ја ставиш касетата додека песната не завршила за да ја снимиш, а потоа целиот ден го поминуваш слушајќи ја омилената песна.


2. Пишување писма

Единствениот начин да зборуваш со некого кој е надвор од земјата беше преку пишувањето писма. Телефонските разговори чинеа многу, а денес тие се заменети со Фејсбук и Скајп.


3. Следење на топ листите

Редовно гледавме која песна и група е прва на топ листите. Денес тоа ретко кој го прави.


4. Купување грамофонски плочи или касети

Сигурно во вашиот дом сѐ уште може да пронајдете „заталкана плоча” или касета, кои беа единствен начин да се слуша омилениот бенд пред секое семејство да има Интернет.


5. Развивање на филмови и чекање на фотографии

Некои ги развиваа во својот дом, други пак ги носеа во фото-студио. Ги броевме деновите до земањето на фотографиите од фото-студиото и со денови ги држевме во раце.

10-fakti-za-piratite-koi-sigurno-ne-gi-znaevte-2

6. Заедничко гледање телевизија со семејството

Целото семејство е дома и подготвено за филмот кој сите го чекале со денови. Најпопуларната серија „Касандра” го собираше семејството на едно место.


7. Играчките од 90-те

Собирање салфетки, поштенски марки и играњето ластик, граница, беа едни од најзабавните игри на нашето детство.


8. Создавање планови кои не се менуваат секој миг заради недостигот на мобилен

Понекогаш навистина недостига чувството на неизвесност и спонтаност, кои технологијата ни ги одзема.


9. Честитки

Интернет честитките во ниеден поглед не можат да ги заменат оние честитки кои ги добивавме за родендените и новогодишните празници.


10. Ни недостига љубов

Интернетот никогаш нема да умее да ги замени сите прегратки, бакнежи и сета таа љубов на која понекогаш забораваме.

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg