Остани до крајот на вечноста или барем вечерта

Во ритамот на твоето тело, во него би танцувала цела вечер, брзо, бавно и обратно, непрекинато.

ostani-do-krajot-na-vecnosta-ili-barem-vecerta-1

Во тој твој ритам би се изгубила како на непозната територија чувствувајќи позитивен страв, но без сомневање дека ќе ме пронајдеш, без сомнение дека ќе се пронајдам во твоите прегратки кои се удобна перница за моето срце.

Немирно срце, кое имаш сила да го смириш, да го скротиш за и тоа да танцува во твојот ритам.

Твојот допир е оној што ме накострува како маче, ја разбранува возбуденоста во мене, ја активира струјата во мојот пулс која е подготвена да те удри со нејзиниот најголем замав по твоите усни и да те натера да се стопиш како шеќерче во нив.

А јас, јас во тој момент си играм со твојата збунетост, смалувајќи го оклопот околу твоето срце кој полека се топи како мраз во априлско утро и капе, како дождот кој те успива, зашеметува, те тера да фантазираш за добар сон на чиста перница со мирна совест.

Ете тоа си ти, мојот сон кој стана јаве, а јас се будам од него секој ден за да ги бакнувам твоите усни непрекинато, во ритамот на твоето тело, во ритамот на твоето срце.

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Тијана Скулиќ за CRNOBELO лексикон: „Идол ми е мајка ми - по смртта на татко ми сама нè издигна мене... „Во детството се срамев од презимето и тоа дека сум муслиманка. А тоа се двете р...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
CRNOBELO лексикон со диџеј Галоски: „Мајка ми преживеа рак и нè одведе на прав пат - таа е мојот идо... „Познаници имам милион, а најдобри другари помалку од прсти на една рака. Е за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg