Експеримент со банана кој ќе ве научи на важна животна лекција

Споственикот на блогот креативно размислување опишал експеримент кој вклучува 5 мајмуни, скала и банана кој завршува со лекција за тоа што може мајмуните да не научат за нашето однесување.

eksperiment-so-banana-koj-kje-ve-nauci-na-vazna-zivotna-lekcija-1.JPG

Еве како се одвивал експериментот. Група на научници ставиле 5 мајмунчиња во кафез и на средината поставиле скала. Над скалата закачиле една банана.

Секој пат кога некој од мајмуните ќе се одлучел да се качи на скалата и да посегне по бананата, останатите мајмуни биле потопувани со вода. По извесен период, во случај да некој се обидел да посегне по бананите бил претепуван од останатите мајмуни и по некој период веќе никој не се обидувал ниту да се доближи до скалата.

Научниците одлучиле потоа да заменат еден од мајмуните со нов. Прво нешто што правел новиот мајмун во кафезот било да се искачи на скалата и да се обиде да дојде до бананите, но останатите веднаш го тепале. По неколку безполезни обиди се откажал иако не знаел зошто воопшто бил тепан.

Потоа и вториот мајмун бил заменет и повторно се случувало истото. Обид за качување и тепање се додека не се научил дека не треба да посегнува. По него и третиот мајмун бил заменет и повторно истото: тепање, па откажување. По нив заминале и четвртиот и петиот мајмун.

Во кафезот останала група на 5 мајмуни кои иако никогаш не биле потопувани со вода, продолжувале и натаму да го тепаат петиот мајмун кога ќе се одлучел да се качи на скалата.

Ако постои некоја можност да се прашаат мајмуните зошто се тепаат веројатно единствениот одговор би бил: „Затоа што таков е редот овде“.

Важниот совет кој можеме да го добиеме од овој експеримент е дека би требало да ја оставиме настрана навиката слепо да се водиме по другите и правилата кои ни се наметнати. Луѓето ова особено знаат да ги прават на работното место.

Колку пати сте ја чуле изреката: „Нештата секогаш се одвивале на овој начин овде. Не се мешај со она што докажано работи“.

И тоа дефинитивно така. Луѓето ретко кога се одлучуваат да ги менуваат сфаќањата и активностите онака како што мајмуните едноставно продолжувале со постапките. Тоа после се наједноставниот начин да се функционира, нели?

Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Чарна Невзати за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив дека не е баш филмски“ „Здраво, во глава сме заедно веќе 5 месеци. Среќна годишнина! - е најсмешната по...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Мартија Станојковиќ за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив - Еј, ова е супер“ „Најголемата беља во детството беше тоа што си ја објавив симпатијата на Фејсбук...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg