Маж, жена и парче леб: Која е тајната на среќниот брак?

Маж и жена живееле во среќен и исполнет брак цели 30 години, а кога ја прославувале годишницата се случило најубавото нешто за кое ни двајцата не биле свесни...

prikazna-koja-kje-ve-naezi-koja-e-tajnata-na-srekjniot-brak-1

На нивната 30-годишнина од бракот, жената како и обично печела леб. Тоа веќе било нивна традиција, бидејќи таа секое утро станувала рано за да го испече вкусниот леб. Исекла две парчиња од топлиот леб и ги премачкала со путер.

Како што и вообичаено правела, ја извадила меката средина од лебот за да му ја даде на нејзиниот сопруг, а за себе да ја остави корката, но тогаш се сопрела...

Жената во тој миг си помислила: „Денес, кога славиме 30-годишнина од бракот, сакам јас за појадок да го јадам парчето од средината од лебот, кое веќе 30 години му го давав на сопругот. Бев примерна жена толку време, ги воспитав добро нашите синови и целиот живот го вложив во семејството”.

Тогаш жената одлучила на сопругот да му ги даде крајчињата од лебот, а за себе да ја остави меката средина. Додека ги одвојувала, нејзината рака затреперила, бидејќи прекинува традиција која трае цели 30 години.

Мажот го прифатил лебот и рекол: „Денес ми даде прекрасен подарок драга! Цели 30 години не сум појадувал од парчето со кора кое толку многу го сакам, бидејќи сепак треба ти да го добиеш тоа што најмногу го сакаш! Ти благодарам!”

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg