Исповед на една жена: Жал ми е што се потресував околу свадбата

Тоа е денот за кој секоја девојка сонува. Совршено уреден простор исполнет со најблиските пријатели и роднини и секако, на крајот не чека личноста на која и ја ветуваме нашата доживотна љубов.

ispoved-na-edna-zena-zoshto-se-omaziv-no-zalam-shto-pravev-svadba-01.jpg

Но дали се така е идеално?

Оваа девојка го сопделува своето лично искуство.

„Пред околу една година го имав моето лично бело свадбено клише.

По неколку месеци од стресно планирање и стискање на забите, конечно се најдов себе си во ситуација да излегувам од прескапата кола облечена во уште поскап фустан и подготвена да застанам пред олтарот пред 100-тина луѓе кои ги сметав за моите најблиски роднини и пријатели.

Две работи ги научив од ова искуство.

Како прво, добив прекрасен брачен партнер и второ, свадбите се преценети.

Како деца сонуваме за големиот ден.

Медиумите постојано прикажуваат слики од совршени жени и згодни мажи кои се насмевнуваат и уживаат на нивните беспрекорни свадби, па лесно е да се разбере од каде потекнуваат нашите погрешни соништа.

Отсекогаш се сметав себе си делумно како Пепелашка каде судбината ги презема работите во свои раце и го испраќа мојот принц кој ќе ме спаси од животните потешкотии. Не за нешто друго, стаклените чевли се воодушевувачки!

Токму затоа, мојата глава беше исполнета со совршени слики како што мојот ден се наближуваше.

Набргу реалноста го зазеде местото на соништата.

Сфатив дека бракот е за младоженецот и невестата, а свадбата е за се останато. Никој во основа длабоко не беше среќен.

Деверушите не беа задоволни од своите фустани, една од моите сестри сметаше дека таа заслужува да ми биде главна без да помогне околу организирањето, повеќето не беа задоволни од тоа каде се сместени, моите сакаа поинакво мени и што уште не..

Мојата свадба од соништата набргу стана совршена катастрофа.

Потоа пристигна денот.

Едвај го видов мојот маж во текот на целата вечер. Позирав пред камерите со лажна насмевка и речиси цел ден останав гладна затоа што од мене се очекуваше на секого индивидуално да му се обратам.

Околу што е тогаш метежот?

Ако можам да го вратам времето назад, би го земала маж ми под рака и би отишле до матично. Парите би биле далеку подобро потрошени и би имале неверојатен меден месец.

Верувам дека свадбите нè прават слепи за она што во суштина е важно.

Целата поента на свадбата е да и дадеме ветување на другата личност дека ќе ја сакаме и почитуваме до крајот на животот, а не да импресионираме луѓе кои во реалноста и воопшто не ги познаваме.“

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од м... Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg