„Мајка донирала бубрег за да го спаси своето дете“ – Една од приказните за храброста на мајките од мојот град

Мајка го донирала бубрегот за да го спаси своето дете, друга не се откажала од бебето што го носела под градите, иако партнерот ја оставил – Приказните за храбрите мајки од мојот град ме инспирираат и мотивираат. Колку храбри мајки во вашиот град познавате?

majka-go-donira-bubregot-za-svojata-bolna-kerka-majkata-e-najgolemiot-borec-za-svoeto-dete-01.jpg

Живеам во еден од поголемите македонски градови, но без разлика на големината, како и во секој друг македонски град чаршијата зборува и озборува, споделува приказни за животите на секој од нас.

Градот можеби е еден од поголемите, но ние сите се познаваме, а приказните за храбрите жени и мајки се пренесуваат од уста до уста и зборуваат за пожртвуваноста и борбата низ која тие поминале за да го спасат сопственото чедо – приказни коишто, иако се трагични и болни, нѐ учат дека мајките се нашиот панцир, извор на неизмерна сила и заштита, кои секогаш ќе бидат тука за нас.

Чаршијата зборува и озборува, но и брзо заборава, а јас како нем посматрач ги слушам приказните и ги зачувувам во мојата меморија, и сакам да ги прераскажувам со воодушевување и да им симнам капа на жените кои биле тука за своите деца.

Не сакам да се заборават нивните храбри дела и одлуки – затоа што многу од нив биле подготвени да го жртвуваат и сопствениот живот за да го спасат животот на сопственото дете.

majka-go-donira-bubregot-za-svojata-bolna-kerka-majkata-e-najgolemiot-borec-za-svoeto-dete-02.jpg

Така, во еден период низ чаршијата се рашири приказната за мајката која го донирала својот бубрег на својата тешко болна ќерка.

Едноставно не се двоумела многу. Била решена да го спаси животот на своето дете, по секоја цена.

Тоа беше навистина тажна приказна, која ме натера да размислам колкав борец е мајката за сопственото дете. Го носи челичниот панцир на своите гради и воопшто не се плаши од смртта.

Сите со воодушевување раскажуваа како мајката без двоумење даде дел од себе само за да може повторно да ја види насмевката на своето дете – но приказната веќе не привлекува интерес, ја спомнуваат само во мигови кога некој ќе ја покаже со прст жената и сите знаеме дека таа е мајката што сите нѐ инспирираше во даден момент со сопствената храброст.

majka-go-donira-bubregot-za-svojata-bolna-kerka-majkata-e-najgolemiot-borec-za-svoeto-dete-03.jpg

Ја помнам и приказната на младата родилка која сите ја осудувале и ја принудувале да абортира, затоа што таткото на детето ја напуштил.

Но, таа херојски го издржала камшикот од општеството, го голтнала секој удар и направила сè за на свет да го донесе своето дете.

Сум ја слушнал и приказната за мајката која се обидувала да ја сокрие секоја караница со својот маж од децата. Со шминка да ги сокрие модриците, за нејзините деца да не ја гледаат таква.

Успевала некако да им купи сè што ќе посакаат иако не знаела дали следниот месец ќе земе плата.

Ги сокривала своите солзи, затоа што никој подобро не ја крие болката од мајката која се обидува да биде силна пред своите деца.

majka-go-donira-bubregot-za-svojata-bolna-kerka-majkata-e-najgolemiot-borec-za-svoeto-dete-04.jpg

Зошто ви ги раскажувам овие приказни? Затоа што верувам дека во секој град постои по некоја ваква приказна за храброста на мајките и сакам да ве потсетам дека на тие жени треба да им се восхитуваме и да ги возвишуваме.

Не постои поголема жртва од онаа што мајката ја прави за нас. Всушност мајката е нашиот панцир, кој нè штити дури и од најголемите зрна град. Нејзината снага е покривот над нашиот кревет.

Нашите мајки никогаш не беа сигурни дали ние како деца верувавме во бајките кои ни ги раскажувале. Не беа сигурни со каква боја на очите заспиваме, а со каква се будиме.

majka-donirala-bubreg-za-da-go-spasi-svoeto-dete-edna-od-prikaznite-za-hrabrosta-na-majkite-od-mojot-grad-10.jpg 

Не беа свесни дека знаеме сè за нив. За нивната болка и загриженост. Не знаеја дека чувствуваме. За тоа дека се плашат за нас, за нашиот живот, за нашето здравје. За тоа како ќе станеме утре од креветот и во што ќе израснеме.

Благодарни сме на нивната пожртвуваност, на тоа што нè претворија во вистински борци.

И на крајот, сигурен сум дека сите вие понекогаш сакате барем на ден - два да се вратите и повторно да ги проживеете некој од моментите со вашата мајка. Можеби не нешто да менувате, туку да ги почуствувате тие моменти повторно.

А денес, прегрнете ја силно вашата мајка и кажете им дека секогаш сте верувале во нејзината бајка.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Не ја земаш за жена само за да ти роди деца и да ти пере гаќи“ „Не ја земаш за жена само за да ти роди деца. Ниту за да ти готви ручек секој де...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg