Животот е почва на која ги засадувате вашите мисли: Какво семе ќе засадите?

Ова утро додека полека се будев сфатив дека мојот ум веќе е зафатен со неколку мисли истовремено, дури и пред да бидам целосно расонета или како за почеток, свесна за овие мисли.

kakvo-seme-kje-zasadite-01.jpg

Вообичаено ќе станев од кревет гласно бунејќи се за листата на работи кои треба да ги направам тој ден, ќе се форсирав да станам од кревет и да се втурнам во акција.

Денес не беше така.

Денес останав мирна, неподвижна.

Како се чувствував?

Тешко ми беше. Тажно... Загрижено... Исплашено...

Наместо свесно да станам на моите две стапала одлучив и понатаму да лежам во креветот. Започнав да ги истражувам моите емоции и мисли.

Се чувствував исплашено... Зошто? Се чувствував по малку и тажно... Зошто? Што се случува во мојата глава. Што ме предизвикува да се чувствувам вака?

Се обидов да се сетам на моите соништа од изминатата ноќ. Но, за жал, не можев да се сетам на многу. Повремени кратки делчиња долетуваа од никаде...

Не беа тоа доби соништа.

Без да навлегувам во детали, имав многу посети од минатото. Чувствата испливуваа на површината, а во еден сон почувствував неизмерен притисок од очекувањата на другите. Не успеав да ги исполнам очекувањата, а разочарувањата со кои се соочував беа преголеми.

Се почувствував напуштено, осамено...

Во друг сон се најдов пред домот на моите родители. Заедно со моите деца гледавме прекрасна грмотевица. Невреме. Темни облаци и големи капки дожд. Како на филмовите.

Одеднаш избива пресилна молња која полека, но сигурно се движеше кон куќата на моите родители. Трчав колку што можев побрзо, но огнот се распали пред да пристигнам.

Одеднаш силна паника ме обзеде. Местото каде беа моите корени, каде се чувствував безбедно, каде секогаш се навраќав кога ми е потребен баланс во животот – одеднаш исчезна во пламенот.

Повеќе не се чудев зошто се чувствувам така.

Но, барем знаев од каде можам да почнам.

Морав да ги променам моите мисли.

Наместо да станам од кревет со овие негативни емоции, продолжив да мирувам во истата позиција во која ги отворив очите. Се обидував да размислувам за позитивни работи, за емоциите кои со сигурност знам дека ќе ми го подобрат расположението.

Започнав да размислувам за забавните работи кои знам дека ме очекуваат тој ден.

Започнав да размислувам за мојот живот и во тој момент почувствувам огромна благодарност и среќа.

Тука настана промената. Одеднаш негативните емоции беа заменети со возбуда, со исчекување и радост.

И додека лежев така мирно, се присетив на еден цитат: „Повеќето луѓе, најголемиот дел од својот живот копаат за земја - биди ти оној кој ќе копа за злато“.

Кога ги следиме старите навики, негативноста знае нечујно да се протне под нашата кожа, да навлезе длабоко во нашите пори и потоа да не можеме да се ослободиме од неа. Па, несвесно продолжуваме да копаме во земјата, но не и да бараме злато.

Замислете си дека секоја ваша мисла или емоција се магично семе кое чека да биде засадено на потенцијалот и дека секое семе го засадувате.

Од тие семиња никнуваат делата.

Какво семе ќе засадите?

Семе на негативноста или среќата?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

До сите родители кои треба да им ја кажат вистината за Дедо Мраз на своите деца „Дедо Мраз постои, но тој не е старец со брада и црвен костим. Тоа е само нешто ...
Скопска пешачка (не)култура - зошто да чекам на црвено? Секое утро додека одам на работа и секое попладне кога пешачам накај дома, ја гл...
Плажите на Вардар, езерото Треска и базенот под Кале - Носталгија за скопските лета Скопје и лето, тоа е таа пеколна комбинација, од која секоја сака да избега што ...
„Стојам пред полицата со ајвар во маркетот и се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница“ Се сеќавам на времето кога со баба ми правевме зимница. Есен, веќе почнуваше да ...
Д-р Владимир Чадиковски за CRNOBELO лексикон: „Татко ми ми е најголемиот херој“ „Кога би имал времеплов би сакал да се вратам во времето кога одевме на море со ...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg