Понекогаш не постои пократок пат, светлина на крајот од тунелот...

Понекогаш работите не можат да се поправат.

ponekogash-ne-postoi-pokratok-pat-svetlina-na-krajot-od-tunelot-01.jpg

Понекогаш не постои пократок пат или светлина крајот од тунелот.

Некогаш мораме да се соочиме со грижата на совест, каењето, болката, работите кои сме ги загубиле, одбивањето кое сме го искусиле... и ништо не може да ги промени овие работи.

Верував дека работите на крајот од приказната секогаш завршуваат добро, дека на крајот од денот сè ќе биде во ред. Но, сфатив дека не постои „среќен крај“. Мораме да се соочиме со фактот дека и негативните работи знаат да бидат убави. Лошите искуства ни покажуваат дека болката, колку и да е неподнослива, претставува богатство.

Богатство е затоа што не потсетува дека сме способни за голема љубов, интензивна страст и големи соништа. Не потсетува дека и покрај болката од минатото, продолжуваме да живееме, да ги изразуваме емоциите и да сонуваме. Дека не треба да се откажуваме.

Па, голем дел од нас одново го цртаат својот иден живот со нови, појасни линии кои на почетокот изгледаат како нејасни чкртаници.

Таков е животот.

Всушност треба да се гордееме од прекинатите линии, од чкртаниците, од нашите уметнички дела. Тоа значи дека сме подготвени да погрешиме. Подготвени да го живееме животот со полно срце и широко отворени раце.

Вистинскиот успех во животот е да го исчистите пепелот од срцето, да ги изгорите остатоците од болката, да ги фрлите кон силниот ветер и да се трансформирате во прекрасен феникс.

Моментално живеам со скршените парчиња од мојот живот, знаејќи дека многу работи не можат да се поправат, но знам дека тие скршени парчиња можам да ги склопам одново и да ги трансформирам во нешто ново.

Благодарна сум што сум имала можност да го отворам моето срце и да загубам сè. Живеам полна со надеж за иднината – се чувствувам посилна, помудра и автентична во мојата сопствена кожа од било кога.

Ако моментално се чувствувате како целиот свет да ви се скршил, земете длабок здив, ослободете се од потребата да продолжите да се обидувате да ги склопите скршените парчиња. Обидете се да ја откриете целта на моменталната ситуација.

Бидете трпеливи со себе.

Исплачете се.

Прифатете се.

Простете си или побарајте прошка од другите.

Дишете длабоко. Чувствувајте го светот околу вас. Издишете.

Верувајте во иднината. Заборавете на минатото. Дозволете соништата да се ослободат.

И никогаш не заборавајте – надежта треба последна да ви умре.

Постои секое невреме постои нов изгрев на сонцето...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg