Мразам реченици кои почнуваат со зборот „ако...“

Во животот сакав работите да бидат под моја контрола, не сакав да оставам многу на случајности и не дозволував да зависам од туѓите постапки или туѓиот труд за да го добијам она што го посакувам.

mrazam-recenici-koi-pocnuvaat-so-zborot-ako-01.jpg

Паметам дека отсекогаш бев јас сам против сите во светот и тоа не во крвожедна битка, туку во една психолошка игра во која најдобриот би требало да победи.

Секогаш давав максимум, кога работев, кога љубев, кога зборував и кога помагав, секогаш тоа го правев со толку страст се до последен атом на моето тело со една и единствена мисла, да ја завршам мисијата која сам си ја доделував. Дури и да беше неуспешна се гордеев на себеси знаејќи дека сум го дал максимумот од себе. На тој начин функционирав беспрекорно, но за жал светот беше малку спротивен од она што јас го замислував.

Никогаш не очекував моите планови, мојата иднина да зависи од проклетата уцена на секојдневието која секогаш започнуваше со еден одвратен збор кој ја измачуваше мојата душа. Не можев да најдам начин да го избегнам, а не постоеше ниту можност тој да биде искоренат од секојдневната комуникација со светот...

Ако никогаш не ги отвориш очите, како очекуваш да го видиш светот?

Ако не научиш да сонуваш, како ќе научиш работи за прекрасната иднина која треба да следува?

Ако никогаш не пробаш, како ќе знаеш како е да успееш?

Ако немаш храброст да ја бакнеш, како ќе знаеш како е да ја држиш нејзината рака?

Ако не знаеш за заедница, како ќе знаеш што е љубов?

Ако не останеш со скршено срце, како ќе дознаеш што е болка?

Ако животот имаше поинаков план за нас, дали би го живееле овој живот кој го нарекуваме среќен?

Ако го напуштиме овој свет пред тоа да биде наша желба дали ќе жалиме за работите кои не сме ги направиле?

Колку и да пробував да го одбегнам, секојдневно го среќавав, како нераскинлив дел од моето постоење. Како вечна уцена, како дилема која ми тропка постојано во срцето.

Затоа кога ќе ме сретнеш, ќе го осветлиш моето лице со твојата насмевка, ќе внесеш промена во мојот живот и ќе ме натераш да го засакам светот. Не ме гледај во очи не ми вели што ќе беше ако работите тргнеа во друга насока од сегашната. Бидејќи самата помисла на речениците кои го содржат зборот ако е доволно ужасна за да мора да се размислува на условот кој се поставува во нив. Едноставно не беше фер што постоеа, но за жал или за среќа секојдневно ги изговаравме.

Секогаш ме оставаа во длабоки мисли терајќи ме да се запрашам, што би било ако сето ова е еден сон од кој ќе се разбудам без да се сеќавам што било претходно и сите тие лица, приказни, места и настани ќе избледнат со самото отворање на моите очи?

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Некогаш праќавме разгледници, денес фотки на Вибер - 7 илустрации колку се смени летувањето низ годи... Порано можевме целосно да се исклучиме од работа кога одевме на одмор... Но, ден...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
Леле оној неамбициозен, онаа само на шетање мисли - „Кадијо“, пронајди ја среќата во себе и имај сво...   „Кадијо, што судиш за туѓите живот! Денес здравата психа е благослов од ...
Брат, таа седеше сама во кафеана во Скопје на Боемска, си пиеше пиво и убаво ѝ беше - таква жена дај... Брат, вчера седам на Боемска со другарите, онака лабав неделен ручек, се смееме ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg