Работи кои ќе ги разберат само момците кои имаат помал брат

Додека растевте сигурно ви ги тестираше нервите и секогаш бевте во вечна војна за тоа кој е во право и кој треба да одговара за направената глупост.

raboti-koi-ke-gi-razberat-samo-momcite-koi-imaat-pomal-brat-01

Но, како што растете се забораваат сите тие тепачки, брканици околу масата, погрдни зборови и расправии кои сте ги имале со вашиот помал брат.

Ако тогаш не ви беше јасно зошто родителите си дозволиле луксуз кој вие го нарекувавте второто дете, повеќе лошото детиште кое ви пречеше во сѐ, сега сте сигурно благодарни што постои.

Затоа што без него животот е нецелосен и секоја расправија изгледа бесцелна...

Кога ќе се запрашате што е она што ве врзува во една нераскинлива врска сетете се дека:

1. Тој е на вашата страна дури и кога родителите се против вас

Без разлика што го ризикува своето петочно излегување, вашиот брат секогаш застанувал и ќе застанува на ваша страна кога ќе ги вкрстите секирите со вашите родители.

Иако со тоа жртвува да биде казнет поради тоа што ве поддржува, сепак вашиот помал брат е вашиот сојузник.

Тој не ве прашува, туку тој ве разбира, застанува и се бори за вас на истиот начин како што би се борел за себеси.

2. Од него можете да ги слушнете најискрените зборови

Дали да ги носите тие фармерки, дали таа блуза ви е претесна и дали тие чевли одат на бојата на тој костум...

Дали вашата девојка е добра и дали одговара на вашиот карактер како и многу потешки прашања од секојдневието ќе бидат искрено и бесрамно одговорени токму од негова страна.

Без разлика што е млад и неискусен тој секогаш ќе знае искрено да ви одговори на она што го прашувате, токму поради таа бестрашност и невиност која ја имаат малите бројки од неговите години.

3. Тој беше вашиот прв и најдобар цимер

Да не заборавиме дека пред да започнат вашите луди студентски денови каде што ретко кога да ви се погодеше добар цимер, вашиот прв, најдобар и незаменлив цимер беше вашиот помал брат.  

Можеби првично негодувавте кога за првпат се всели во вашата соба, но со него тука ги делевте најубавите моменти од вашиот живот.

4. Најдобрите случки од вашиот живот го вклучуваат токму него

Нема добра приказна која ви се случила, а да не го содржи вашиот помал брат како главна или споредна улога.

Едноставно од денот на неговото раѓање, кој првично го сметавте за пропаст на вашиот убав свет, до денешен ден тој е нераскинлив дел од вас.

Секогаш и насекаде ќе ве прати во обид секогаш, заедно да испишувате прекрасни приказни.

5. Неговите навреди се најубави

Глупав, прост, неписмен, дебел, неспособен, фатен... Се само дел од епитетите кои меѓусебно сте си ги лепеле или можеби сè уште ги лепите кога ќе дојдете до мала кавга.

Но, колку и да пробувате да бидете лути еден на друг, после само многу кратко време сѐ поминува, бидејќи братот е брат, а кој може да живее без него?

За него сте способни да направите многу, а колку и да ви изгледаше невозможно во минатото, тој би направил двојно повеќе за вас.

Тоа е таа љубов која не се опишува, туку мора да се доживее, да се помине низ сите тие процеси на љубомора, расправија, прифаќање и учење за да двајца „алфа мажјаци“ да опстанат под исто поднебје и подеднакво да се развијат во прекрасни индивидуи кои ќе имаат среќен живот.

Секогаш кога ќе се присетите на него имате насмевка на лицето и сфаќате дека вашиот живот без него е само потрошено време за ништо...

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
За Бадник паричка дома, за Василица со пријателите - Како почнавме наша традиција која нè зближи ушт... Првата година сите бевме „изгубени“, никогаш претходно не сме кршеле пита за Вас...
„Бев на панаѓур во гратчето Аминдеон во Грција - патував 1 час од Битола, а ме изненадија евтините ц... Малото гратче Аминдеон, се наоѓа во соседна Грција, оддалечено на само еден час ...
„Децата не помнат кој го донел најскапото пакетче и дали украсите се нови – На што се сеќаваат?“ Знаете ли што нема да помнат децата кога ќе пораснат? Кој го донел најскапиот по...
Приказни на Македонец - рецепционер во хотел: „Си канат гости за секс, а не се симнуваат на рецепциј... „Иако се дојдени во луксузен хотел, има гости кои оставаат хаос во нивните соби,...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg