„Бев на панаѓур во гратчето Аминдеон во Грција - патував 1 час од Битола, а ме изненадија евтините цени“

Малото гратче Аминдеон, се наоѓа во соседна Грција, оддалечено на само еден час од Битола. Секоја година во октомври таму се одржува панаѓур, а искуството беше незаборавно: евтина облека, вкусни специјалитети и дружење – тоа беше искуство што вреди да се доживее.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-01.jpg

Претходниот викенд патот ме однесе во една навистина посебна авантура во Аминдеон, каде традиционално секоја година се одржува голем панаѓур.

Оваа традиција започнала уште од многу одамна, а месецот октомври е секогаш резервиран за овој панаѓур кој трае четири дена (05.10 – 08.10).

Секоја година бројот на посетители е сè поголем и поголем, особено поради големиот број тезги на кој се нудат најразлични производи.

Почнувајќи од облека, украси, кујнски прибор, алати, миленичиња од типот на риби, хрчак, зајак, па сѐ до превкусната грчка традиционална храна како: локумадес, гиро, грчка алва и баклава и др.

Сигурно барем еднаш во вашиот живот сте слушнале за малото гратче наречено Аминдеон кое се наоѓа во соседна Грција.

Оддалечено на само еден час од градот Битола.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-02.jpg

Посетеноста е навистина голема особено поради ниските цени, outlet облеката како и самата атмосфера која морате да ја почувствувате.

Секој штанд е прекриен со куп од облека во кој ги има сите големини и сите можни дезени кои некогаш сте ги замислиле.

Панаѓурот се одржува на самиот плоштад во градот каде доаѓаат продавачи од сите локални места во Грција и ги продаваат своите производи.

Некои се толку соживеани со својата улога што викаат многу гласно мислејќи дека така ќе продадат нешто и ќе те убедат да им купиш.

А доколку сакате да се ценкате, тогаш тие многу решително ќе ја отфрлат вашата понуда.

Искрено јас не купив нешто многу, можеби повеќе поради тоа што цените беа многу слични како во Македонија.

Купив едни навистина убави папучи за 4 евра и долни тренерки за 5 евра. Да бидеме реални ова беше навистина исплатливо.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-03_copy.jpg

Реката од народ којшто одеше од тезга на тезга, која пробуваше и внимателно го гледаше понуденото, со себе носеше полни торби со купени работи.

Доколку би требало да ви го опишам моментот, тогаш со сигурност би ви кажал дека не знаев каде попрво да се погледнам. Шаренило и многу разновидности на сите страни.

Едноставно се пробивавме во толпата и едвај успевавме да се разминеме.

Дури на неколкупати знаевме да се пошегуваме, дека во секој момент ќе проработи нашата анксиозност и паника од луѓе.

bev-na-panagjur-vo-maloto-gratce-amindeon-poglednete-kako-si-pominav-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Ако си мангуп и порачуваш скапи вина на групна кафеанска седенка, тогаш остави си плус пари како гос... Имате ли и вие некој Mистер Џек во друштвото што нарачува 5 вина од по 100 евра ...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...

Најчитани неделава