Луѓето не се презервативи за да бидат искористени и фрлени

Отсекогаш бевме два дела на едно цело, како две различни единки сплотени во еден ист организам. Јас десно, ти лево, јас црно, ти бело и некако така минуваше овој живот кој многупати знаевме да го наречеме мизерен.  

lugeto-ne-se-prezervativi-za-da-bidat-iskoristeni-i-frleni-01

Сонувавме да го освоиме светот, се сеќаваш знам, со идеи и планови сонувавме за светот братко, нели ти текнува, за совршениот свет кој нè разочара.         

Сите тие разговори и сите тие моменти на подеми и падови, сите тие среќавања и заминувања, сите тие поздрави и збогувања, сите желби станаа помалку важни кога имаш некој да го измени текот на обичниот ден.

Талкав, како што ние секогаш талкаме, целиот живот обидувајќи се да го откриеме она што ни стои пред носот, она што секогаш ни е на дофат, онаа светлина која не осветлува, а ние постојано живееме во темнина.

Како и сите, така и јас, живеев удавен во чекање, а одговорот ми стоеше пред очите.

Се сеќаваш еднаш порано ти реков сѐ што градиш во животот е една кула од карти, која ако ја градат двајца, тогаш мора да постои огромна доверба помеѓу тие две единки за кулата да опстои.

Тогаш не ме разбра што сакам да ти кажам, но јас знаев многу добро што зборувам, знаеш јас бев оној кој секогаш гледа две реченици понапред во текстот.

Ти ме гледаше збунето мислеше дека зборувам празни зборови, бидејќи јас бев оној рационалниот, а ти оној слободоумниот, а растевме заедно. Со тебе ја делев мојата тага, мојата среќа, скршив дел од мојата душа и ја закотвив во твојата сенка за да бидат споени и никогаш да не престане тоа раздавање, таа братска делба. Сакав онаму каде што завршувам јас, да почнуваш ти и обратно.

Корката леб на трпезата, водата во кристалната чаша и покривот на главата и сите планови за животот беа рефлексија на желбата мојот најдобар пријател да биде мој брат.

Но, животот доаѓа како ураган и пред да бидеш свесен што се случило, сѐ исчезнува. Сето тоа што градевме со години отиде со еден бран, бран кој можеби го предизвика ти или јас го повикав, а настана бидејќи едноставно не можев да се помирам со нишањето на таа наша заедничка кула градена со години, а се нишаше ден за ден, сè почесто.

Се обидов многупати, ја чував во стаклено ѕвоно со вакуум, ја зацврстував, но таа бараше взаемно одржување, взаемна доверба. А, која взаемна доверба постои ако едниот е како кондом за повеќекратна употреба, а другиот само го полни тој кондом ненаситно додека не пукне?

Не ни требаше да бидеме крв за да бидеме најблиски, не ни требаа пари за да бидеме среќни, не ни требаше глума за да бидеме заедно во иста соба.

Но, се случи животот или можеби нешто измеѓу кое јас го пропуштив. Да бидам искрен душата ме болеше, но за жал по сите правила на животот мораше да настане оддалечување кое јас го побарав од себеси.

За да бидам спокоен, за да најдам мир.

Мораше да те изгубам за да се пронајдам себеси.

Сѐ она што создадовме, сѐ она што верувавме не беше веќе заедничко, сите тие цртежи, планови, соништа за иднината ме вклучуваа мене самиот, а тебе некаде далеку. Ех братко, солза се лее по лицето, но што можам јас кога не можам против срцето.

Еднаш штом го плукнеш човека, не очекувај повторно да се појави на твојата врата со избришано лице, а ти ме плукна, не еднаш, туку стопати.

Бев слеп дури да го увидам тоа, но за среќа се исчистив од тоа несвесно деградирање. Подготвен сум да градам нова кула, со нови луѓе кои ќе знаат како да го ценат моето постоење во нивниот живот за разлика од тебе кој тоа го земаше здраво за готово...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg