На дождливите денови, како овој, ги кроев големите планови за животот

Надвор истура, дождот е незапирлив, како небото да кроеше слатка одмазда за целата таа неправда која паднала на неговите рамена.

dozdlivite-denovi-bea-sovrseni-za-sredba-so-sebesi-001.jpg

Денот беше тмурен и мрзелив, се тркалав во мојот кревет без намера да го напуштам. Зјапав во огромниот прозорец до креветот и ги броев капките кои паѓаа на прозорецот. Чувствував дека тој ден ќе го поминам во кревет.

Луѓето ги мразеа ваквите денови, да бидам искрен и јас ги мразев, но само кога морав да работам или да го напуштам својот дом, во спротивно уживав во нивната меланхолија. Оставаа простор да се разбистрат мислите, даваа простор да се сретнеш самиот со себеси и да откриеш што е она што недостасува, што е она што треба да се направи. Колку и да беа досадни, дождливите денови беа создадени за средба со себеси.

Тогаш гласот во мојата глава беше најгласен, тогаш ги кроев големите планови за животот, сите романтични идеи за љубовта. Додека се туткав во удобната постела ги среќавав сите критики без разлика дали беа за мојот изглед или за развојот на мојата професионална кариера. Тоа беше еден вид на состанок сам со себе. Се запознавав подобро и колку и да звучи чудно тоа помагаше за моите понатамошни чекори.

Знаев да станам од креветот, без да го наместам, да сварам кафе или чај со убав крцкав тост за појадок и да го јадам во креветот иако знаев дека тоа е погрешно од многу причини. Но, дождот ја довикуваше мојата душа да ги направи сите тие гревови. Ги довикуваше и моите солзи, бидејќи беше како тажна музика за мојот животен филм. Поради него се навраќаа моите сеќавања и бев емоционално ранлив.

Понекогаш се случуваше да заспијам, да се изгубам и повторно да се разбудам. Да бидам предозиран со спиење, а сепак да запаѓам во цврст сон и да се будам одново и одново. Најчесто во ваквите денови размислував за иднината. Голтка по голтка со кафето, залак по залак со тостот.

Дали сите идеи ќе се остварат, дали сите замисли ќе го видат својот крај, дали ќе го изградам мојот сопствен свет кој одамна го замислував?

Всушност ако размислам добро, деновите кога дождот истураше беа многу покреативни од оние кога пукаше сонце. Можеби не во реализација, но дозволуваа да се пушти мозокот на едно мистично патување, предизвикано од таа тмурност и да расчепка сѐ што е неоткриено. Да се запраша за сѐ што претходно не се запрашал. Да живее настрана од она што го живеел дотогаш, се додека не западне во длабок сон.

Колку и да негодуваа другите, јас се чувствував пријатно. Бев свесен за тоа соочување со себеси и не бев исплашен да настане, бев и повеќе од подготвен.

Ја обожавав мелодијата на дождот и мрзливоста во секој човечки потег на тоа тмурно невреме. Си мислев да не морав никогаш да излезам од дома ќе посакав засекогаш да биде така. Да не престане таа одмазда од небото кон земјата, тие пролетни дождови никогаш да не запрат.

И не беше лошо од време навреме тоа сивило да стане наше секојдневие, барем за тие кратки средби кои беа продуктивни, ако луѓето знаеја како да ги искористат...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg