Отфрли ги сите стравови, имаш сѐ што е потребно за да ја оствариш целта

Сигурно се разбуди денес и се втруна во секојдневните обврски, можеби со побрзо темпо од вчера. Сигурно ги отвори очите мислејќи на сè она што те чека во текот на наредните 24 часа, а можеби и повеќе, додека да оствариш повторна средба со твојата мека перница.

Otfrli-gi-site-stravovi-imas-se-sto-e-potrebno-za-da-ja-ostvaris-celta-01

Се прашуваш дали можеш да издржиш сè она што се насобира околу твојот врат и полека те гуши…

Се прашуваш дали ќе најдеш сила која ќе те води низ сите тие предизвици.

Дали сето тоа води до твојата среќа...

Се прашуваш дали го правиш вистинското нешто и дали ќе стигнеш до целта, загрижен за сите мали застранувања од вистинската патека.

Сигурно воздивнуваш и започнува една непосакувана главоболка од толку размислување.

Ти тежат сите тие мисли кои го спречуваат уживањето во убавото утро, те тераат да го мразиш алармот, да го мразиш телефонот кој заѕвонил, да ги мразиш луѓето, дури и утринското кафе во кое си знаел да уживаш.

Фрустриран си од твојата состојба, но она што повеќе те нервира е фактот што не знаеш дали ти го можеш сето тоа...

Затоа кој и да си, каде и да си денес, без разлика на твојот пол, раса и религија, ти, да, токму ти, слушни ме и искористи ги овие зборови за да го надминеш просечното и да се стремиш кон остварување на твојата голема цел.

Најпрво воздивни, остави ја целата таа енергија да го напушти твоето тело, ослободи се од стресот.

Земи две до три минути за да се стабилизираш, да оставиш се да налегне, најди ја својата пријатност, диши длабоко.

Свари го утринското кафе, отвори ги очите, пушти ја омилената песна, не размислувај дали можеш, сите обврски си ги добил токму затоа што можеш и умееш.

Запомни дека во тебе се крие еден потенцијал.

Ти си креација создадена да направи промени. Во себе криеш сила која пополека треба да еруптира како вулкан и да го потресе тлото како земјотрес.

Не очајувај и не се предавај, ти не си тука на светот за да бидеш просечен.

Сите тие тежини, ќе успееш да ги совладаш, единствено нешто што треба да направиш е да ја спознаеш силата која сметаш дека не постои.

Ја имаш во себе, не ти зборувам на памет, знам дека ја имаш во себе.

Сврти се околу тебе и види како си преживеал вчера, го можеш тоа и денес и секој нареден ден, испишувај ја својата историја смело и без сомнежи.

Дури и да се скршиш, ја имаш способноста одново да се составиш, можеби залепен, но сепак доволно силен за да го оствариш она што си го замислил.

Ти, обичен човеку, токму ти ја имаш силата за да направиш големи нешта, немој да се плашиш, дозволи му на твојот разум и твоето тело да го најдат максимумот во тебе, не се откажувај, не се предавај.

Можеш да одиш преку сѐ, да се бориш за сите и на крајот да уживаш во среќата креирана од своите дела.

Сè што ти е потребно е да веруваш во себе, а тоа не е толку тешко, нели?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg