Можеш да ме наречеш „селанче“, „конобар“, ама нема да ме скршиш

Ме гледаш како чекорам по ходникот на нашето училиште и му шепотиш одвратни зборови на твоето друштво, потсмевајќи се додека ме гледаш во очи. Кој сум јас да бидам дел од кремот и вашите луксузни планови, обичен човек кој немал среќа да се роди во богатата елита или едноставно недоволно идиот за да бидам дел од тоа хиенско здружение.

mozesh-da-me-narecesh-selance-konobar-ama-nema-da-me-skrshish-01.jpg

Знаеш да ми подвикнеш „селанче“, „конобар“, „бубалица“, ти и тие околу тебе создадени за бесрамно да уништите нечиј ден, притоа не мислејќи колку тие зборови можат да скршат некого. Но знаеш, тоа веќе не ме повредуваа, бидејќи јас ќе бидам „ок“. Нема да дозволам да скапам однатре, само заради тоа што вие така посакувате.

Сите тие незаслужени етикети, одвратни зборови и бесмислени прекари, сите тие вербални удари и глупави шеги, тие веќе не функционираат врз мене, болат да, но погледни, влегуваат од едно уво, а излегуваат од друго, затоа што не ми значат ништо.

Јас не сум глина која би ја обликувале, јас нема да отстапам од моите начини, нема да ги отфрлам моите желби, копнежи, моите стремежи. Никогаш нема да го сменам мојот стил и начинот на кој живеам и размислувам без разлика што никогаш нема да се вклопам во вашето „фенси“ друштво. 

Знам дека во денот успех ви е да бидам понижен, растажен, да се чувствувам непосакувано во своја кожа, да ме излудите до точка да се откажам од сè. Сакате да престанам да се смеам, но тоа е вашата прва грешка, верувањето дека ќе ме уништите, затоа што јас не сум направен за да се скршам.

Не би ви дал толку значење, да ве опишам во текст, но знам дека таму надвор, во немилосрдното општество, за жал постојат многу слични или исти како вас и многу слични на мене и моето незаслужено етикетирање. Ова мое обраќање е за нив, бидејќи многумина наоѓаат тешкотија да се справат со злобниците како вас.

Сакам да знаат дека сте неважни, дека не треба да дозволат да ги обликувате, да ги натерате да се менуваат само затоа што вие така мислите. Треба да престанат да се дават во тага, да не стојат во сенка, само за да не ви дадат причина да ги задевате.

Треба да истапат, да ги примат сите тие удари, да научат да живеат со тоа и да го искористат во најпозитивна смисла, за да ве поразат. Бидејќи колку и да изгледате интересни, смешни, моќни и забавни, вие сте ништо ако ние не дозволиме вашите зборови да нè повредат.

Знаете тоа е како досадна песна на телевизија, без разлика колку време ќе врти, ако ти едноставно не ја регистрираш или ја ставиш на нечујно, станува сосема незначајна, без разлика која е нејзината намена. Тоа вас ве дразни повеќе од сè останато, да бидете немоќни, а да гледате како ние се издигаме пред вашите очи.

Ќе сфатите со текот на годините и ќе дојдете со тој поглед на извинување, знаејќи дека сте згрешиле, но тоа е неважно. Важни се сите оние надвор кои се презираат себеси, поради таквите како вас. Тие мора да научат да живеат, да се борат за себе и да не дозволат никој да ги обликува, да ги менува, да ги натера да станат некој друг, само за да се вклопат.

Никој од нас не заслужува да не сака да живее поради таквиот третман, никој не заслужува да биде глина во нечии раце. Не дозволувајте да ве скршат, знам дека притисокот е голем, но верувајте вие сте посилни!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg