Запознав лице со оштетен вид во воз накај Битола - од неговата приказна разбрав со колкави проблеми се соочуваат тие лица

На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правеле сè што можат за да го излекуваат своето дете, но за жал на десет години тој го загубил видот. Замислете колкав товар носел на својот грб. Да си дете, а да имаш толку препреки пред себе. Да одиш на училиште, без да можеш да трчаш во училиштниот ходник како сите други деца. Да не ја гледаш зелената табла во училницата на која е испишана новата лекција или, пак, уште пострашно, да не можеш да го гледаш светот со сите негови убавини.

zapoznav-lice-so-osteten-vid-od-negovata-prikazna-razbrav-so-kolkavi-problemi-se-soocuvaat-tie-lica-01.jpg

Наближуваше викенд, предавањата на факултетот за оваа недела завршија, па беше време да си одам во родниот град Битола. Купив билет и се сместив во еден од вагоните на возот.

Возот беше преполн со студенти кои брзаа да се сместат и што побрзо да си одат во родните градови. Доколку би требало да ви го опишам моментот, би ви рекол дека тоа беше како некоја интересна сцена од некој филм во кој сите брзаат и трчаат некаде како „муви без глави“. Внимателно гледав од прозорецот до кој седев.

Само што возот тргна, вратата од купето во кое бев сместен се отвори и полека почна да влегува еден човек со очила. Искрено, бев малку збунет бидејќи не знаев што се случува, но откако здогледав дека во своите раце држи долг стап, сфатив дека е лице со оштетен вид и дека му треба помош.

Притрчав и го сместив покрај мене.

Студентскиот живот е таков, полн со искуства и приказни. А, баш такви се и студентските приказни – возбудливи и интересни бидејќи се полни со лекции и знаење кои ќе ти послужат многу во животот. Таква беше и денешната.

zapoznav-lice-so-osteten-vid-od-negovata-prikazna-razbrav-so-kolkavi-problemi-se-soocuvaat-tie-lica-02.jpg

Животната приказна на човекот кој седна до мене навистина беше трогателна. Ме остави без зборови, со насолзени очи и ме натера да размислам за голем број од работите којшто нам ни се случуваат секојдневно.

Човекот со очила сигурно бараше рамо за плачење. Сакаше да најде некој непознат човек на кого ќе може да му ја каже својата мака и да му се исплаче за да му олесни. Случајно ме пронајде мене, а јас во случајности тешко верувам.

Имал навистина многу тешко детство. Израснал во сиромашно семејство каде неговите родители работеле како аргати од утро до мрак за да можат да се прехранат.

На многу мала возраст му бил дијагностициран дијабетес. Неговите родители правеле сè што можат за да го излекуваат своето дете, но за жал, на десет години, тој го загубил видот.

Замислете колкав товар носел на својот грб. Да си дете, а да имаш толку препреки пред себеси. Да одиш на училиште, без да можеш да трчав во училиштниот ходник како сите други деца.

Да не ја гледаш зелената табла во училницата на која е испишана новата лекција или, пак, уште пострашно, да не можеш да го гледаш светот со сите негови убавини.

zapoznav-lice-so-osteten-vid-od-negovata-prikazna-razbrav-so-kolkavi-problemi-se-soocuvaat-tie-lica-03.jpg

Но, се трудел. Работел многу и никогаш не ја наведнувал својата глава поради своите аномалии, туку напротив, чекорел гордо и исправено како сè да е во ред со него.

Неговата болест била само еден дел од него, но детето никогаш не дозволило таа болест него да го претвори во жртва која сите ќе ја сожалуваат.

Да се биде војник во сопствениот живот е многу важно, а тоа тој и бил.

Успеал да заврши основно и средно училиште. А, потоа се запишал и на Филолошкиот факултет каде дипломирал книжевност.

Барањето работа е уште еден лавиринт од кој Горан научил многу. Предрасудите кај работодавците поради неговата состојба со оштетен вид биле големо разочарување за него.

Коментарите, омаложувањата и потценувањето на неговата големина биле уште една капка која ја прелевала чашата.

zapoznav-lice-so-osteten-vid-od-negovata-prikazna-razbrav-so-kolkavi-problemi-se-soocuvaat-tie-lica-04.jpg

За жал, живееме во општество каде сите лица со оштетен вид се среќаваат со слични проблеми. Тоа што ние имаме потреба другите да ги правиме дека се неспособни или помалку вредни од нас поради некој нивен недостаток кажува колку сме нелуѓе.

Одбегнувањето на лицата со оштетен вид, нивното исмејување и дискриминирање, неподавањето на рака кога се симнуваат по скали или, пак, неотстапувањето на место во автобус се дел од нашите аномалии и недостатоци.

Дали човекот со оштетен вид нешто пропушта? Доколку би бил искрен би кажал не воопшто. Заштитен е од светот преполн со злоба и омраза, не ја гледа злобата и зависта која ние ја поседуваме, нашата себичност и нашето лицемерие.

Заштитен е од накосените погледи упатени кон него поради секојдневното носење на очила. Од озборувачите и исмевачите кои со прст покажуваат кон него поради неговата немоќност.

Бидејќи ајде да размислиме вака, доколку сите луѓе во светот би биле слепи, колку од нив вас би ве импресионирале?

zapoznav-lice-so-osteten-vid-od-negovata-prikazna-razbrav-so-kolkavi-problemi-se-soocuvaat-tie-lica-05_copy.jpg

Тука е и поентата на животната приказна на Горан. Чувствувајте ги луѓето со сите ваши емоции, запознајте им ја душата, поделете ги на добри и лоши во однос на нивното однесување, а не според тоа како тие изгледаат.

Но, сепак човекот со одредени пречки или недостатоци е фениксот кој се издигнува после сите тешки моменти. Успева да се справи со сè и да биде вистински херој кој ќе биде пример за сите нас.

Патот во возот ми помина многу брзо благодарение на приказната којашто ми ја раскажа Горан. Иако ми пушти по некоја солза, сепак ме мотивира.

Ме научи на две значајни работи кој ќе ни послужат на патот до успехот

Самите ние сме единствените војници во нашиот живот, во кој ако сакаме да успееме ќе мора да се бориме храбро без разлика на пречките кој ни се наоѓаат на патот.

А емпатијата и помошта кон покревките од тебе сè уште една значајна работа која ќе нè однесат уште поблиску до успехот во животот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg