Банкарска гаранција: Зошто богатите се богати?

Следниов текст е вистинска приказна која се има случено во една банка во Њујорк. Прочитајте и видете како мудро работи мозокот на еден богаташ...

 bankarska-garancija-zosto-bogatite-se-bogati-001.jpg

Гаранција

Влегува еден бизнисмен во банка во Њујорк и го бара службеникот одговорен за кредити. Му објаснува дека ќе оди на деловен пат во Европа две недели, и дека сака да земе кредит од $5.000 долари.

Службеникот му одговора дека за да ги подигне парите ќе треба да остави некаков вид на гаранција. Бизнисменот без да се двоуми ни минута, ги вади клучевите од своето ново црвено Ферари, кое што патем е паркирано на паркингот пред банката. Луѓето го проверуваат возилото, и банката се сложува да го издаде кредитот со оваа гаранција.

Откако заминал бизнисменот со парите, шефот на банката и вработените добро се насмеале, зошто бизнисменот го искористил своето ферари вредно $500.000 долари како гаранција за кредит од $5.000 долари. Откако биле средени сите документи, вработените од банката го ставиле возилото во подземната гаража на банката.

Две недели подоцна, доаѓа бизнисменот, го враќа кредитот, и плус плаќа камата од $15.41 долари.
Службеникот му се обратил на бизнисменот "Господине, многу сме среќни што соработувавме со вас, меѓутоа малку сме збунети. Додека бевте отсутни, Ве проверивме, и дознавме дека сте мултимилијардер. Не ни е јасно, зошто ви беше потребен кредит од $5.000 долари?"

Бизнисменот слатко се насмевнал и одговорил: "А каде на друго место во Њујорк ќе најдам паркинг за моето ферари вредно половина милион долари, за две недели и тоа за само $15.41 долари?!

Би можело да ве интересира:

Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
За пријателот кој за еден живот одживеа како за три наредни и беше светлина која допре сечиј живот..... Тој не „земаше“ од животот, буквално грабаше од него и секогаш ќе ми речеше „Жив...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
И во Македонија има шефови кои се пример за вработените и среќни сме поради тоа Тие не сметаат дека тоа што се избориле да стигнат до оваа позиција им дозволува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg