Фрижидерот празен, сметките на нула, што ќе биде утре?

Влегувам дома, после трета смена во кафичот, некаде седум часот, го испуштив претходниот автобус, цел живот пцуев што морам да фаќам автобус за да стигнам дома, сè ми беше далеку. Ја заклучувам вратата и слушам звуци од дневната.

friziderot prazen smetkite na nula sto ke bide utre 01

2.100 за парно, 1.600 за струја, 500 за ѓубре, на сето тоа одржување влез, кредитот, телефонските сметки и интернет, гласот на мајка ми цел растреперен. Вкупно 12,500 денари, а платата моја 15,000 денари, со еден студент и еден средношколец. Се смее, така хистерично, од мака претпоставувам.

Јас во раката држам 500 денари, мојата дневница, и нешто од бакшиш што ми останало, влегувам во дневната, таа ги брише солзите, пивнува од кафето, си мисли не сум ја слушнал, се крие, а знам дека душата ѝ е истрошена, сите емоции пресушени, од нејзините обиди да се врзе крај со крај.

Пробува да ме увери со поглед дека сè е во ред, а ја гледам, кутрата има потреба од прегратка. Треба некој да ѝ каже дека ќе се извадиме од оваа кал.

„Мамо земи ја мојата дневница, ќе има работа и неделава, добар е газдата, секој ден ме вика, а и гостите што доаѓаат ме научија, ме сакаат, знаеш јас како што си ме воспитала ти, секаде да оставам чист образ, па затоа тие ми оставаат бакшиш. Да работам барем четири дена, а другите да учам ќе имаме да ги покриеме дупките, а ќе остане и нешто да се тргне на страна за екскурзијата на бато. Плус имам две девојчиња што доаѓаат на часови математика, те молам не се секирај”.

„Сине чувај ги ти парите, тие се твои за тебе, ќе се снајде мајка, кога не се снашла, ќе одам после работа, бараа две жени некој да им чисти, другите би рекле будала една со диплома ќе чисти, ама ако сине, чесно заработени пари, се пари. Нема што да се срамам. Ќе ве изведе мама на прав пат, вие само учете, оди легни си, немој да се секираш.”

Воздивнува толку длабоко што мене ми се крши не срцето, туку душата, целото битие, како да сум неподвижен. Ме боли моето постоење, колку и да звучи тоа невозможно. Влегувам во детската, брат ми спие. Легнувам на креветот, гризејќи ја перницата ми доаѓа да се издерам на цел глас. Да му речам две-три работи на животот.

Смачено ми е секој месец да ја гледам мајка ми на тој стол, како брои и пребројува, како се обидува да поврзе од точка А до точка Б со ограничен конец.

Смачено ми е да ме исмеваат за облеката, мене, брат ми и мајка ми, без да знаат дека не ми дошло до нивниот „Шанел” или нивните „Риплеј”, кога јас не знам дали утре ќе имам леб за доручек. Кога животот стана моден натпревар?

Смачено ми е да ми кажуваат дека залудно се трудам, дека дипломата ќе ми стои на ѕидот, а јас ќе дремам дома без работа. Зарем така се мотивира човек?

Смачено ми е да ја гледам мајка ми како се крши, како се дави во грижи и солзи, цело време замислена за тоа што ќе ни стави утре на маса, додека фрижидерот е празен. Зарем се живее таков живот во кој ситиот на гладен не верува?

Смачено ми е од неправди, од постојана грижа која несвесно, секојдневно, ден по ден, со притисокот кој го создава, нè толчи, нè гмечи, нè убива. Смачено ми е да бидам од оние неправедно оштетените во животот. Што згрешивме ние?

Смачено ми е од малограѓанштина, од луѓе кои сакаат да те туркаат на дното и да љубоморат на секој твој обид да се издигнеш. Смачено ми е од лицемерие, лажни пријатели, луѓе, злобни луѓе. Зарем секаде е таков животот?

Смачено ми е од девојки кои не фрлаат поглед кон мојата душа, затоа што мојот новчаник е празен, смачено ми е од лажни емоции и чувства, од спонзоруши и желба да се успее во животот на мака на другиот. Каде исчезна љубовта?

До креветот ми стои кутија, поклон од моите за мојот 7-ми роденден, ја отворам кутијата од детството, излегува мало меченце кое се врти, а во позадина свири „twinkle, twinkle little star”.

За момент заборавам на сè, ми буди безгрижност, додека ги затворам очите. Си мислам во главата, ќе помине, ќе се среди, тркалото според другите се врти, мора да дојдеме и ние горе. Колку и да не сакам да верувам, морам, во моментов друго не ми останува...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg