Чекаме некој да се најде во амбисот за да му подадеме рака - Каде отиде хуманоста?

Заборавивме да си помагаме без да очекуваме едната или другата страна да го побара тоа. Зарем мора некој да се најде во амбисот за да (размислиме дали да) му подадеме рака? Ајде малку да одмориме од лицемерни тапкања по рамениците, а да се измориме од искрени насмевки. Ајде да бидеме пријатели од љубов, а не од корист.

zarem-mora-nekoj-da-se-najde-vo-ambisot-za-da-mu-podademe-raka-kade-otide-humanosta-01.jpg

Се оддалечивме. Се оддалечивме од своето себство, од примарното значење на хуманоста и постоењето. Кога велам постоење, не мислам на минување низ ходниците на секојдневието. Мислам на она да бидеш способен да љубиш со сета сила, да веруваш во искреноста на непознатиот и добрината на блискиот.

Заборавивме да си помагаме без да очекуваме едната или другата страна да го побара тоа. Зарем мора некој да се најде во амбисот за да (размислиме дали да) му подадеме рака?

Не е ни чудно; редица од лица зад грб на кој му се подготвува нож, па кому останува да му веруваш?

На оној кој те гледа во очи и ти раскажува без зборови дека ќе те повреди, или на гласот во тебе кој ти го говори тоа?

Ајде малку да одмориме од лицемерни тапкања по рамениците, а да се измориме од искрени насмевки.

Ајде да бидеме пријатели од љубов, а не од корист.

Ајде да престанеме да избегнуваме контакт со другите, за да бидеме сами со нашите стравови.

Ајде да подадеме рака на „мизерниот“ и да научиме нешто.

Времето нема никого да чека, но ќе дојде ден кога ќе си замине „мизерниот“ на кого сме можеле да му пружиме рака, а сме го одбиле поради лагите на нашето его.

Ќе дојде ден, ќе се покаеме за истото. Мизерниот нема да е тука, и сѐ што најдеме ќе биде вина.

Пред да стане предоцна, да се потсетиме што значеше да се биде хуман.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

еНВи| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симона Поповска за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека имам глас како пудинг од ванила“ „Како мала обожавав да истражувам и да си поставувам цели. И бев решена да се ис...
Носталгија што ќе ја разберат децата од ‘90-тите - бркавме пеперутки не лајкови, омилената песна ја ... Не моравме да имаме сè за да бидеме среќни. Родителите ќе ни купеа една играчка ...
„Сонце се гледаме“ - Последните зборови што ми ги кажа Тоше неколку дена пред несреќата и денес ми о... „На прес-конференција Тоше требаше да го најави концертот на 5 октомври. Доцнеше...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg