Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Госпоѓо, на велосипедска патека сте“ - Дрско ми вика „Знам“ и не се мрда

gospogjo-na-velosipedska-ste-drsko-mi-vika-znam-i-ne-se-mrda-01.jpg

Нема ништо порелаксирачко од одење на работа со велосипед, но нема ништо поиритирачко од пешаци на велосипедска патека без основна култура. Уште не научија дека велосипедската патека е за велосипеди.

И ајде некои ќе им свирнете или ќе им кажете и се тргаат веднаш. Се занеле, секому се случува, па оние најфините дури и ќе се извинат за немарното однесување. Но, оние дрските, тие вадат од кожа.

Си оди среде велосипедска, па вие ако сакате судрете се со друг велосипед или избегнувајќи ја неа згазете пешак кој прописно си се движи по тротоарот, неа мува не ја лази.

Не реагира на свирење, а кога ќе ѝ кажете дека се движи на место кое прописно е за велосипеди, дури и ќе биде изреволтирана што сте ја предупредиле, па со носот во облаци ќе каже дека знае и ќе продолжи дрско да оди по патеката.

Дали да ја „згазите“ со велосипедот, да ја „фатите за коса“ или само да ја прашате зошто вака слободно не се движи во улицата наменета за автомобили, затоа што тоа е ист тип на прекршок? Или знае дека таму некој ќе ја качи на хауба, а вие со велосипедот попрво ќе свртите нагло и ќе паднете, отколку да ја згазнете?

И толку е потребно за да ви се расипе ден, за да се потсетите дека на култура голем дел од луѓето никогаш нема да се научат сè додека не ги удрат по џебот. И ако не се пропишат некакви казни, кај нас не се учиме на правила. Толку. Тоа е. Де жа ву.

И госпоѓава дури навредена што сте ја предупредиле, најтрагично е што утре вас ќе ве раскажува како некултурни пред народ.

Како некому со инка да му сипете во мозокот? Од покондирени тикви во градов никако напред да тргнеме.

И утре сигурно пак ќе си се движи по велосипедска патека и ќе им го загрози движењето на сè поголемиот број велосипедисти, кои за Скопје живот значат (на прагот сме од оние сиви есенски и зимски магли од загадувањето знаете). Ќе ги демотивира, ќе ги разочара, па некои тазе почнати може дури и да се откажат од намерата да одат со велосипед на работа затоа ете нема услови за движење. Плус, не сакаат со луѓе од овој тип да си го расипуваат денот.

Како да ги научиме ваквите на памет?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Тони Зен за CRNOBELO лексикон: „Ме фати срам по првиот бакнеж“ „Украдов бостан од десет кила од едно пазарче, тоа е најголемата беља што сум ја...
Васил Зафирчев за CRNOBELO лексикон: „Ми кажале дека сум убав ко турски глумец - тоа ми е најсмешнио... „Прва симпатија ми беше Кате. И денес комуницираме“ - напиша актерот Васил Зафир...
Мајсторот го викам за поправка, а не да го угостувам – зошто веќе ми е страв да почестам со кафе и р... Мајсторот ни дојде, расчепка во таблата со осигурувачи, за еден час ја заврши ра...
„Кога зборот на родителот беше закон - се подразбираше дека децата ќе се воспитани“ Возевме велосипеди со часови. Моравме да им кажеме на нашите родители каде одиме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg