Ја продаде нивата и ни се досели во зграда, сега ние ќе те трпиме?

До кога „горди скопјани“ ќе се срамат со вакви испади? Доста чукање во гради кога таа што наводно „ја продала“ нивата може да ти држи лекции за култура.

ja-prodade-nivata-i-ni-se-doseli-vo-zgrada-sega-nie-kje-te-trpime-001.jpg

Една пријателка ми вели: „Им се спротивставив на станарите од мојата зграда за нешто и оттогаш сум на пик. Само се мислам дали ако бев од Скопје ќе имав право на глас, а нивниот став кон мене ќе беше поинаков?“

Ја замолив да ми објасни со каков третман се судрила и тоа што ми го раскажа едноставно прави да се разочарате од човечкиот род.

На кратко ми го раскажа обраќањето до неа на еден „господин“ од зградата:  

„Ја продаде нивата, го оствари животниот сон да живееш во Скопје и сега ќе ни се правиш паметна? Селото нема да излезе никогаш од тебе. Врати се таму од кај што си дошла.

И децата ти имаат румени образи, се гледа дека од планина сте симнати. Немој сега да ни глумиш голема граѓанка. До вчера на огин си се греела, си немала асфалт до дома, сега парното не ти чинело, лифтот не ти чинел.

Го постигна врвот најде маж и дојде во Скопје ама те молам малку олабави нè. Не сме должни да ги слушаме твоите селски замерки и пискавиот глас.“

Не можев да се начудам што ми пренесува другарката. Во сите тие навреди од тој безобразен човек се провлекува местото од каде потекнува и тоа дека е дојденец во Скопје.

Но, зарем тој човек не знае дека местото на раѓање не нè преодредува каков човек ќе станеме? И дека најнекултурните луѓе понекогаш се староседелци во Скопје со генерации.

Во ред е да не му се допаѓа нејзиниот став за темата за која дискутирале, но тоа апсолутно не смее да го припишува на местото од каде таа потекнува и да ѝ го префрла тоа како да е нешто за осуда или срам.

Без разлика на каков начин ѝ се стекнати парите и на каков начин ѝ е купен станот, таа сега има апсолутно подеднакво право како ѝ тој да гласа и коментира за работите кои се однесуваат на сите станари и целата зграда.

До кога „горди скопјани“ ќе се срамат со вакви испади? До кога ќе судиме според лоши критериуми и на крај самите со своето однесување ќе ја заслужиме осудата од другите?

До кога ќе тероризираме и срамиме други луѓе, кога всушност ние самите сме за срамота?

Доста чукање во гради кога таа што наводно „ја продала“ нивата може да ти држи лекции за култура, воспитување и е на 10 нивоа над тебе.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гледаме туторијали на YouTube, бараме совети на Фејсбук - Колку се промени мајчинството во последнит... За секој проблем со децата, бараме совет на интернет. Имаме модерни виртуелни се...
„На враќање ќе купиме“, „Ќе ти порасне носот ако лажеш“ - Слатките лаги кои ни ги кажуваа родителите... „Тебе штркот те донесе кај мама и кај татко!“ , „Ако си умен Дедо Мраз ќе ти дон...
„Секогаш пофали ја храната што ти ја приготвува сопругата“: Совети од мајката до нејзиниот оженет си... Помини шест вечери со семејството, а една со пријателите - важно е за ментална р...
Ретро спомени: Работи што ги правевме како мали девојчиња, а денес не би ги повториле Си ги пеглавме косите со пегла за облека, се фарбавме со инстант напитоците Step...
Зошто секогаш ни е најубаво кај баба и дедо? Баба и дедо разгалуваат со прегратки, нежност, внимание, љубов, пари… Баба и дед...
Слабиот маж не е способен да сака силна жена Љубовта со силна жена може да биде извонредна, но само за силен маж. Да се биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg