„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“

Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од зградата по ходниците, за мене се и тоа како значајни. Исто како што е значајно тоа што продавачката од маркетот што е долу во мојата зграда ми се насмевнува кога ми ги куца производите... И благодарна сум што го делам просторот (и животот) со нив.

za-kulturniot-sosed-od-4-ti-kat-vo-mojata-zgrada-vo-skopje-ti-blagodaram-shto-postoish-01.jpg

Живеам во релативно нова зграда во Скопје и можам само да кажам благодарна сум за луѓето кои ми се соседи.

Сите културни, одмерени, фини... Секогаш насмеани, секогаш поздравуваат во лифт или на скали.

Едноставно ви прават убаво кога ќе ги видите.

И по повеќе од година и половина живеење во оваа зграда - на мојот кат никогаш не сум видела оставено ќесе со отпадоци пред нечија врата, како што слушам дека има во други згради, ниту пак нечиј велосипед или парче мебел, па да блокира туѓ влез или премин.

Едноставно, секој си функционира во своето мало царство дома, без да го нарушува редот и животот на другите.

Често ќе пролета и некое „Како сте“ и некое „Да се пие кафе долу во маалските кафулиња“...

Пред лифтот, состанарите секогаш се со прашален поглед дали да влезат ако веќе сте вие први влезени и секогаш со предност на минување на оние што се со мали дечиња.

Културни луѓе на место, навистина.

И токму неодамна имаше една ситуација кога качувајќи се по скалите накај дома, видов нешто истурено, некој доживеал некаква незгода си помислив.

Не помина половина час, тој сосед се огласи во нашата Вибер група на станари, се извини и вети дека за кусо време ќе го среди нередот.

И вечерта кога излегов навистина така беше, немаше ниту трага дека некогаш на тоа место имало каков било неред.

И пријатни се, некако убаво ви е што го делите просторот со нив, животот со нив...

Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби по ходниците, за мене се и тоа како значајни. Исто како што е значајно тоа што продавачката од маркетот што е долу во мојата зграда ми се насмевнува кога ми ги куца производите и што има убав збор за моето малечко, дури и во миговите кога тоа можеби не е во своето најсјајно расположение.

Трпеливост, толеранција и добри меѓусоседски односи се тајната на среќата во нашата зграда во Скопје, дури и кога борчињата втора година по ред нема да ни се фатат долу пред зграда, ниту зелениот појас ќе ни биде најзелен од цело маало.

Има нешто поважно, а тоа се луѓето со кои го делиме просторот и благодарна сум за тоа.

И ти благодарам соседу од 4-ти за насмевките, сосетке од 7-ми за грижата, ах да и тебе соседу од втори кој секогаш си најангажиран околу сите ситни проблеми со кои нашата зграда се соочува понекогаш.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Мајка прави совршени фотки на базен, си зборува на телефон и не ја погледнува ќеркичката што ја моли... Колку е тажно тоа. Пред неколку дена, додека бев на базен, видов млада мајк...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...
Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg