Најважните работи што ги научив до 30+ години, живеејќи во Скопје

Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнатите, најинтелигентните, најубавите, сеедно, тие нема да ви кажат. И не само што ќе премолчат, туку и мана ќе ви најдат. А вие веќе имате научено дека „плескањето“ на маните во лице не е искреност, туку е некултура - кога сте стигнати на одредена возраст во животот.

najvazhnite-raboti-shto-gi-nauchiv-do-30-godini-zhiveejkji-vo-skopje-01.jpg

Веќе 30+ години живеам во Скопје... Што научив досега?

И не, не дека Скопје ми го предодредило тоа, туку околностите, општеството, менталитетот и мојата среќа или, пак, несреќа во одредени ситуации во животот.

Сепак, и да можам да се вратам наназад - апсолутно ништо не би менувала!

Најважните работи што ги научив, а можеби ќе му помогнат некому:

Да не ги водам сите битки до крај, дури и кога сум во право се случува да кажам „Добро, така е“, во име на почит кон другата страна или, пак, со цел да си спречам главоболки. И да, ова си дојде со годините – порано не се случуваше речиси никогаш.

Да не потценувам никого. И најквалитетната личност на светот, може да биде „спакувана“ во (според општеството) несоодветно издание.

Луѓето ќе сакаат да ги молите за тоа што ви припаѓа и ви е чесно заслужено, затоа што тоа им дава некаква моќ и, за жал, на некои дури и сатисфакција.

Луѓето во Македонија се скржави за комплименти. И да сте најдобрите, најистакнатите, најинтелигентните, најубавите, сеедно, тие нема да ви кажат од срце. И не само што ќе премолчат, туку и мана ќе ви најдат. А вие веќе имате научено дека „плескањето“ на маните во лице не е искреност, туку е некултура, кога ќе стигнете на одредена возраст во животот.

najvazhnite-raboti-shto-gi-nauchiv-do-30-godini-zhiveejkji-vo-skopje-02.jpg

Кога ќе ви биде најубаво на свет во животот и сите коцки ќе ви бидат совршено наместени, (најверојатно) ќе заборавите да го цените тоа, ќе го прифатите здраво за готово и ќе сфатите што сте имале и колку сте биле среќни, дури кога ќе го изгубите тоа.

Животот неретко ќе ви зависи од одлуки на личности кои не се поквалитетни од вас, неретко и од такви со навистина слаб интелектуален капацитет, но во животот многу работи зависат од тајмингот и среќата.

Ќе се соочите со негативни луѓе, кои на сè гледаат црно и во себе не носат радост за животот и колку и да се трудите, нема да успеете да ги сфатите. Едноставно сте на различна фреквенција и тоа е тоа.

Ќе раскрстите со паниката и стравот, но својата мудрост дека тие не носат ништо добро, нема да успеете да им ја пренесете на тие што ги сакате, едноставно мора да научат сами и на своја кожа... И тоа ќе ве боли.

najvazhnite-raboti-shto-gi-nauchiv-do-30-godini-zhiveejkji-vo-skopje-03.jpg

Ќе сфатите дека колку повеќе планирате нешто според претходни замисли и нацрти, поголема е веројатноста дека нема да успее. Кога ќе се нурнете ненадејно во луда авантура, без очекувања, ќе ги доживеете најубавите искуства.

Ќе ве нервираат луѓе кои се флегматични и живеат и работат, како да го имаат целото време на светот, но ќе сфатите дека вие тука не можете ништо, дека тоа е карактер и од Бога дадено и не можете ништо, освен да се набилдате со трпение.

Ќе запознаете и слаби и кршливи луѓе, но ќе научите како да го зауздате својот дух и да го промислувате кажаното за да не навредите некого. „Вие ќе заборавите на конфликтот за еден ден, тие ќе помнат цела година“, секогаш ќе си напомнувате во глава.

И ќе сфатите дека животот е убав толку колку што вие верувате дека е убав. Ќе го сфатите она клишето „дека животот не е она што ви се случува, туку како вие реагирате на тоа“ и ќе бидете горди на вашата моќ на самоконтрола. Ќе сфатите дека силната и здрава психа се вашиот најголем дар од Бога и ќе бидете благодарни за тоа.

И да, ќе научите дека додека вие сакате Сонце, сосема е во ред некои луѓе да сакаат Месечина.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...
Си уплатив СПА во Скопје и уживав без мобилен и вознемирување - Сум заслужила Работам од мојата 17 година, фала му на Бога заработувам солидно - зошто да не м...
Остававме пораки под клупа на симпатијата - Работи што будат носталгија кај сите што растеа пред моб... Дали сте од онаа генерација што растеше пред мобилните телефони, излезени надвор...
„За културниот сосед од 4-ти кат во мојата зграда во Скопје, ти благодарам што постоиш“ Колку и да се кратки и навидум безначајни тие куси средби со состанарите од згра...
Вчера се вратив во Скопје - Зошто засекогаш ќе останам турист кој „трча“ за да искуси сè од дестинац... Не сум јас човек кој некогаш би си кажал: „Леле, што убаво се наспав и одморив н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg