12 начини како да бидете добри со себе оваа и секоја следна година


12 начини како да бидете добри со себе оваа и секоја следна година

Кога се трудиме добро да се однесуваме со другите и да ги поштедиме од нашето лошо расположение, често се запоставуваме себе во тој процес.

12-nachini-kako-da-bidete-dobri-so-sebe-ovaa-i-sekoja-sledna-godina-01.jpg

Но, време е да бидете малку посебични, попосветени и поподготвени да бидете добри кон себе, почнувајќи од овој момент, па засекогаш.

Прочитајте како можете да го постигнете тоа:

1. Внимавајте што размислувате, чувствувате и посакувате

Себичноста применувајте ја во разумни дози, но бидете и критички настроени кон себе.

2. Бидете трпеливи, но и посветени

Нека ви биде јасно дека сè нема да дојде толку брзо колку што вие би сакале, но и дека не треба да се откажувате.

3. Простете си себе

Најдоброто нешто што можете да го придонесете за себе е да си простите за своите навики и постапки кои не ви се допаѓаат и да научите од грешките.

12-nachini-kako-da-bidete-dobri-so-sebe-ovaa-i-sekoja-sledna-godina-02.jpg

4. Посветете се на лечење стари рани

Ако не ги излечиме сите отворени рани, нема да успееме да ги видиме сите убавини на животот околу нас.

5. Уживајте во успехот

Паметна личност како вас знае дека 5-те минути доаѓаат и си одат. Најважно е да знаете како да ги уживате максимално.

6. Слушајте го внатрешниот дијалог

Дијалозите кои ги водите со себе содржат многу важни суштини. Послушајте се себе.

7. Одредете ден за одмор од медиуми

Звучи брутално, но на секого му е потребно барем еден ден неделно да одмори од реалниот свет околу себе.

8. Не бидете зависни од листата со приоритети

Добро е да ја имате, но добро е и да знаете дека можете да ја менувате и подобрувате во секое време.

12-nachini-kako-da-bidete-dobri-so-sebe-ovaa-i-sekoja-sledna-godina-03.jpg

9. Не се чувствувајте виновни ако кажете „не“

Секој има право да каже „не“ кога нешто не сака да направи и не треба да чувствува вина поради тоа.

10. Бидете присутни секаде

Не пропуштајте ги можностите што ви се пружаат. Некогаш може и воопшто да ги немате, а да ви бидат потребни.

11. Одморете го својот ум

Секоја ноќ посветете најмалку 10 минути на медитација или на некоја активност која ви помага да се смирите и да не мислите на проблемите.

12. Третирајте ги другите онака како што сакате вие да бидете третирани

Ова е едноставна лекција која ја учиме уште како деца. Применувајте ја.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако те повредил не му давај шанси жено, ќе ги прокоцка сите до една! Зошто залудно се надеваш дека во слабак се крие херој? Залудно ти ветува. Нема д...
Добри дела кои без проблем може да ги правите секој ден Не е тајна дека она што го давате тоа и го добивате. Добри работи им се случуваа...
Ако немаш храброст да ја направиш среќна, оди си! Ако сила немаш за да ја износиш на плеќи нејзината сила, оди си. Ако немаш желба...