До сите оние девојки кои премногу размислуваат и премногу сакаат

Не можете да пратите порака без да ја препрочитате три пати. Не можете да заминете од дома на состанок без да се пресоблечете барем еднаш.

do-site-onie-devojki-koi-premnogu-razmisluvaat-i-premnogu-sakaat-01.jpg

Ви треба повеќе време за да донесете одлука бидејќи сакате да ја донесете вистинската. Не знаете да уживате во моментот, ниту да отидете на непланирана забава. Вие сте онаа личност која се вртка околу другите за да се осигура дека си поминуваат добро.

Можеби се мразите себе затоа што премногу размислувате или пак го сметате тоа за своја предност. Но, она што е сигурно е дека иако ви носи многу стрес, претераното размислување доаѓа затоа што вие умеете и премногу да сакате.

Кога запознавате некој кој ви се допаѓа, не се вложувате само до половина. Сакате да дадете сè, за да ја направите таа личност среќна. Вие сакате на другите да им е убаво и затоа поминувате многу време размислувајќи за тоа - што да купите, каде да одите, како да ја импресионирате таа личност?

do-site-onie-devojki-koi-premnogu-razmisluvaat-i-premnogu-sakaat-02.jpg

Вие сакате силно и без двоумење и предомислување.

Сакате вистинска љубов и врските ги сфаќате сериозно. Причините зошто премногу размислувате се затоа што се грижите. Сакате секој да ја добие пораката напишана со вистинските зборови.

Не сакате да трошите ничие време, ниту пак на некого да му скратите од времето што го заслужува. Претерувате со размислување затоа што се грижите повеќе отколку што би признале.

Некогаш ова ви носи и претерано непријатни ситуации, кои ве повредуваат и прават да се сомневате во себе. Можеби навистина се мразите поради тоа што претерано размислувате и го поврзувате тоа со својата несигурност.

Но, она што вие сега го знаете е дека го правите тоа затоа што сте личност која е способна да дава, да вложува или накратко кажано - да сака!

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе! Пријателке, бегај од луѓе кои носат мрак во себе. Ти си светлина, но прифати дек...
Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg