Престанете да ги очекувате овие нешта од другите, за да бидете посреќни
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Prodavac 20-02-2019


Престанете да ги очекувате овие нешта од другите, за да бидете посреќни

Нашите очекувања кои ги имаме од другите се оние кои прават да бидеме разочарани кога нема да се поклопат со реалноста.

prestanete-da-gi-ochekuvate-ovie-neshta-od-drugite-za-da-bidete-posrekjni-01.jpg

Без разлика дали се работи за семејство, пријатели или партнер, луѓето често се разочаруваат, бидејќи очекуваат нереални нешта од нив.

И ако тоа се случува, тогаш не треба да бидете уверени дека тие се виновни.

Наместо да се разочарувате, научете да бидете среќни со своите избори, но и да не ги очекувате следниве нешта од другите:

Секогаш да го прават она што треба

Лесно е да им се суди на другите поради неуспехот. Но, не очекувајте дека човек од крв и месо секогаш ќе знае да го направи вистинскиот избор. Некогаш треба и да им помогнете.

prestanete-da-gi-ochekuvate-ovie-neshta-od-drugite-za-da-bidete-posrekjni-02.jpg

Секогаш да се согласуваат со вас

Дури ни вашата родена мајка не треба секогаш да се согласува со вас. Поинтересно е кога има различни мислења.

Да ви читаат мисли

Никој нема да знае што ви се случува во главата, ако јасно и гласно не го кажете тоа. Ако нешто очекувате, кажете, не молчете.

prestanete-da-gi-ochekuvate-ovie-neshta-od-drugite-za-da-bidete-posrekjni-03.jpg

Да ве разбираат во сè

Како што вие не разбирате некои постапки, така не треба да очекувате дека сè што правите ќе наиде на разбирање и одобрување.

Да останат исти засекогаш

Времето нè менува сите. Ако споредите, ниту вие не сте истата личност од пред шест месеци. Престанете да се повикувате на минатото.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако те повредил не му давај шанси жено, ќе ги прокоцка сите до една! Зошто залудно се надеваш дека во слабак се крие херој? Залудно ти ветува. Нема д...
Добри дела кои без проблем може да ги правите секој ден Не е тајна дека она што го давате тоа и го добивате. Добри работи им се случуваа...
Ако немаш храброст да ја направиш среќна, оди си! Ако сила немаш за да ја износиш на плеќи нејзината сила, оди си. Ако немаш желба...