Во енергијата ѝ се вљубив, не ми вели дека не е доволна убава!

vo-energijata-i-se-vljubiv-ne-mi-veli-deka-ne-e-dovolna-ubava-01.jpg

Неретко ќе му прокоментираа „Не е таа доволно убава за тебе, ти можеш подобро“.

А тој само им велеше:

„Ова е најдобро што можам.

Таа е човекот со најубава енергија која било кога сум ја почувствувал во животот.

Не е пластична кукла без емоции. Уф, алергичен сум на такви.

Таа лажна совршена коса, вештачки нокти и два пати повештачки насмевки ме ежат.

Ништо под површината, само тон фасада со пудра.

Штета што душата со шминка не можат да си ја разубават.

Мене оваа девојка ме плени. Прави да се чувствувам жив.

Има заразен ентузијазам за животот. Очите ѝ имаат чуден сјај.

Сака со цело свое срце. Љуби како да нема утре. Гушка посилно од кој било друг.

Не размислува премногу пред да направи потег. Животот го живее овде и сега.

Светла точка ми е среде морево сиви луѓе. Има искра во очите.

Што знам.... Мене ми е најубава. Вљубен сум во секоја црта од нејзиното лице.

Секоја една нејзина несовршеност ми е привлечна. Уникатна е и своја.

Таа се сака себеси премногу и изгледа тоа ме наведе јас да ја сакам уште повеќе.

Ретки се луѓето кои толку многу си се ценат. Знае дека вреди и тоа за мене е магично.

Онаа пластичната ќе треба 7 пати да ѝ кажам дека косата ѝ изгледа одлично за да тргне конечно.

Ќе треба да ја чекам 2 часа да се подготви за излегување, а потоа уште 2 за да се „размонтира“ пред да си легнеме.

Плус, доста ме ставаш во купот мажи кои одредуваат кого да љубат според обемот на задникот и големината на деколтето.

Знаеш јас дека отсекогаш си сакав некој што ми е предизвик некој кој интелектуално ме возбудува.

Некој старастен за животот. А таа е сето тоа, а и многу повеќе.“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

За сите кои растеа со „Златно славејче“ и „Дајте музика“, ги пееја „Никола, Никола“ и „Сакам кола уб... Во мое време, пред околу 30 години, детските песни беа невини и искрени, се пееш...
Не чекајте да остарите за да почнете вистински да живеете Таа на 5 години во огледало гледа принцеза, на 20 е незадоволна од изгледот, на ...
Дедо ми од Битола ми остави кутија со златен часовник и заедничка фотографија со баба ми и ни одржа ... „Кога ја отворив кутијата на дедо ми, најпрво што видов беше неговиот џебен часо...
Магијата на старите македонски традиции и обичаи: Чевли за стројникот, блага ракија и мекици за ново... Според стари записи за обичаите во Македонија, по првата брачна ноќ некои на чар...
„12 величествени“, „М2 потрага по ѕвезда“: Гламурозни манифестации кои не постојат, а би сакале да с... Освен „Златна Бубамара на популарноста“, која има традиција долга 26 години, мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg