Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од срцето на една сестра: За сите сестри што љубов значат...

Ја гледам, ја слушам и сфаќам дека со секој атом од своето тело таа ми посакува добро.

od-srceto-na-edna-sestra-za-site-sestri-shto-ljubov-znachat-01.jpg

Ми го знае ритамот на дишење, погледот, секој потег.

Знае што мислам. Знае како се чувствувам, дури и во миговите кога и сервирам само молк или ѝ велам: „Сè е во ред“… Таа знае.

И никој не ме познава така добро.

Никој не ме видел така соголенa до гола кожа. Ниту слушнал колку силно знам да плачам.

Ме сака тврдоглава, ме сака беспомошна, ме сака забавна, ме сака неподнослива.

od-srceto-na-edna-sestra-za-site-sestri-shto-ljubov-znachat-02.jpg

Ме сака во секое издание. Сестра е. Една е.

Интензитетот на сестринската љубов не се мери.

Во очите нема сенка кога ми дава совети. Тука не станува збор за површни зборови, лажни намери, залудни верувања.

Тука сè е чисто, искрено, вистински од срце.

od-srceto-na-edna-sestra-za-site-sestri-shto-ljubov-znachat-03.jpg

Тука и жртви се прават во името на другата. Се сака со сила која е немерлива.

Се моли Бога за најдоброто за другата. На другата се посакува истото што и за себе.

Само најдоброто. А ако може и подобро од тоа, тогаш и тоа.

Сестра се гушка најсилно, се сака најискрено.

Клучна личност која секоја среќа ја прави поголема, а секоја тага помала.

od-srceto-na-edna-sestra-za-site-sestri-shto-ljubov-znachat-04.jpg

Личност која за вас би го извадила срцето од градите.

Личност без која не можете да си го замислите денот.

Не, не поточно кажано - личност без која не можете да си го замислите животот.

За сите сестри што љубов значат...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ја сретнав првата љубов, пред некој ден, бремена“ „Ја сретнав првата љубов пред некој ден, бремена. Најубавата мајка која некогаш ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Луѓето со невидлива пукнатина се кревки - од мал удар срцето ќе им препукне Ако чашата остане недопрена по првиот удар, втор удар дури и да не е пресилен, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg