Откако почнав да си премолчувам, полабаво живеам

otkako-pochnav-da-si-premolchuvam-polabavo-zhiveam-01.jpg

Порано за сè имав мислење... Не, погрешно се изразив и сега за сè имам мислење само не го искажувам веќе толку често јавно.

Порано влегував во жестоки дебати, се докажував и трошев енергија некому да го прикажам моето гледиште.

Верував дека ќе докажам што за мене е правилно, а што погрешно и соговорникот ќе го сфати тоа.

Од ставови на тема љубов, домаќинство и работа до мислења за теми кои директно не ме допираат... Мразам неправди, па се борев дури во името на другите.

Но, некако ме измори тоа.

Некогаш на крајот секогаш јас бев перципирана како напорна или конфликтна или сезналица и иако со добри намери, на крајот завршував осудена.

Сега, повеќе не го правам тоа.

Си дадов задача на себе да премолчам секој пат кога директно не е побарано моето мислење и живеам полабаво.

Не се заморувам со тоа што како и зошто прават другите луѓе, дали тоа е погрешно и не трошам ниту време, ниту енергија да докажувам работи.

Сега си го гледам својот живот и реагирам само кога најдиректно сум засегната, иако се трудам со толеранција да изреагирам и на тоа.

И сè е некако полесно.

Помалку се јадосувам, помалку се полнам со негативна енергија, а претпоставувам и дека сум и подобро друштво за околината.

Се откажав од борби со ветерници и тоа го оставив за некој друг живот или можеби за овој, но за години од сега.

Сега сум во позиција кога мирот на умот и раатот на душата ми се бесценети и мислам дека си ја пронајдов совршената формула.

И не велам дека тоа е правилно, само дека функционира за мене.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
За мене Скопје е... мирисот на липи во јуни Скопје е токму ова – мирисот на липа во јуни. Благата арома ги надразнува сетила...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Се сеќавам на маалото од моето детство – Си игравме на неасфалтираната улица, се криевме во гаражата... Кога сега ќе погледнам што сè е останато од моето маало, се запрашувам дали стан...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg