Еден ден ќе паднат сите маски и ќе сфатите дека не треба да се задоволувате со трошки

Можеби еден ден ќе одлучите дека нема да бидете добри и послушни само за да им се допаднете на другите луѓе…

eden-den-ke-padnat-site-maski-i-ke-sfatite-deka-ne-treba-da-se-zadovoluvate-so-troshki-01.jpg

Дека ќе престанете да верувате во празните зборови зад кои нема вистински дела.

Дека можеби оние „животни“ вредности со коишто ве израснаа не се оние според кои сакате да се водите во животот… и дека тоа е во ред.

Можеби ќе одлучите да престанете да се приспособувате кон луѓето со цел да добиете мала трошка љубов или внимание…

И да го прифатите фактот дека животот што сте го живееле досега можеби бил само бледа слика на оној што сакате навистина да го живеете… некоја чудна илузија.

И дека стравот е причината поради која толку долго сте прифаќале многу помалку од она што вистински го заслужувате… а длабоко во себе знаете дека заслужувате многу повеќе.

Можеби ќе дојде времето кога ќе сфатите дека „љубовта“ која ви ја давале нарекувајќи ја безусловна е во принцип условно–манипулирање… и дека љубов немало никогаш…

Па ќе престанете конечно да се обвинувате затоа што сте поверувале во неа поради желбата да бидете искрено сакани…

Еден ден ќе паднат сите маски. Тоа ќе се случи тогаш кога ќе бидете подготвени да ги видите вистинските лица. И доволни силни да ја прифатите голата вистина изнесена на виделина. Затоа што таа на почетокот боли… додека не сфатите дека има своја поента и цел.

Да ве ослободи.

Затоа кога ќе се случи тоа, немојте да се противите. Не прашувајте зошто и како. Едноставно прифатете ја. Со сознанието дека сега сте подготвени за погорното скалило… ниво 2.

Чекор подалеку од нив, него, неа… но затоа, чекор поблиску до себеси. Можеби поблиску отколку кога и да било.

И тогаш, ветете си една работа. Дека никогаш повеќе нема да се задоволите со трошки. Дека никогаш повеќе нема да бидете она што не сте, само за да добиете ронка нечие внимание. И дека од тој момент па натаму ќе си останете верни себеси.

И тогаш ќе сфатите дека оној што навистина ве сака ќе биде искрено воодушевен. Првенствено вие самите.

А тие другите, не ви се потребни. ♥️

Извор

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Поучна приказна: Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите Во едно село живеел Горан, кој бил убеден дека е најпаметен од сите. Секогаш ги ...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
„И по 27 години ми одѕвонува во глава пеењето на Тоше на нашата прва средба - се сеќавам на секој де... Од денешен аспект, сфаќам дека таа сабота, 6 март 1999 година, за мене е „голема...
„Не ја води секоја битка - замини за да се поштедиш себеси“ Зрелоста не значи дека секогаш треба да го имате последниот збор. Зрелост е кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg