„Домашно подготвените торти на мајка ми и денес ме прават горд - фотки од моите стари албуми“

Секогаш имав интересни желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчесто моите дома искористувајќи ја сета нивната креативност и намирници успеваа некако да ги задоволат моите критериуми, наместо да купуваат торти од битолските слаткарници. Можеби некогаш тоа беше повеќе импровизација, но секогаш гостите нè прашуваа од каде ни е порачана тортата. Тоа за нас беше голем комплимент којшто ни кажуваше дека нè сме лоши во украсувањето на тортите.

domasno-dekorirani-torti-koi-mojata-majka-mi-gi-pravese-za-rodenden-01.jpg

Сигурен сум дека барем еднаш во вашиот живот сте пробале сами да направите торта и истата некако да ја декорирате.

Па, искрено да ви кажам, во моето семејство тоа е традиција. Освен што уживаме во благото, и традиционално секоја недела нешто се приготвува, исто така мојата мајка и брат се вистински професионалци кога станува збор за украсување на торти.

Јас пораснав во она време, каде најчесто родендените ги прославуваме дома со најблиските другари од маалото. Па така, ни еден мој роденден не можеше да пројде без домашна торта декорирана од рацете на мајка ми и брат ми.

Секогаш имав луди желби за тоа како сакам да ми изгледа тортата, па најчесто моите дома искористувајќи ја сета нивната креативност и намирници успеваа некако да ги задоволат моите желби.

Можеби некогаш тоа беше повеќе импровизација, но секогаш гостите нè прашуваа од каде ни е порачана тортата. Тоа за нас беше голем комплимент којшто ни кажуваше дека не сме лоши во украсувањето на тортите.

Ја пишувам оваа статија со една доза на иронија кон денешното време во кое живееме. Време во кое ни еден роденден или прослава не може да се прослави без трендовите на преголеми торти на неколку катови или пак изобилието на марципан.

Ве носам низ семејните албуми од нашите домашно декорирани торти. Можеби ќе ви послужат како инспирација кога некогаш ќе декорирате торта.

Доколку би требало да ѝ ставам име на тортата тогаш тоа сигурно би било „Чоколадна фантазија".

Дефинитивно мојата омилена торта која сум ја имал за роденден. Одете до продавница и купете различни чоколада, едноставно премачкајте ја тортата со чоколадо и наредете ги чокладата во некоја естетско добра форма.

domasno-dekorirani-torti-koi-mojata-majka-mi-gi-pravese-za-rodenden-03_copy.jpg

Торта декорирана со марципан. Можеби најслатката торта која сме ја имале, највеќе поради изгледот.

Иако сме „противници" на тортите декорирани со марципан, сепак овде сме морале да го следиме трендот. Цветовите се исто така од марципан и можете да ги најдете во секоја продавница.

domasno-dekorirani-torti-koi-mojata-majka-mi-gi-pravese-za-rodenden-02.jpg

Идејата ни беше да направиме торта - чоколадна кошничка.

Многу едноставно и брзо декорирана со помош на чоколадни стапчиња.

domasno-dekorirani-torti-koi-mojata-majka-mi-gi-pravese-za-rodenden-04.jpg

Овде не станува збор за роденденска торта, туку сигурно мајка ми ја направила поради некоја прослава од типот на веридба или свадба. 

domasno-dekorirani-torti-koi-mojata-majka-mi-gi-pravese-za-rodenden-06.jpg

Ова е можеби мојата најинтересна торта. Едноставна и елегантна, но акцентот паѓа на неправилната фигура изработена од чоколадо.

Станува збор за техника која ја видовме на интерент. Односно еден надуван балон се премачкува со чокалдна глазура и се става во ладилник да се смрзне. Потоа балонот се пука и останува неправилната форма од чоколадо која сте ја направиле.

domasno-dekorirani-torti-koi-mojata-majka-mi-gi-pravese-za-rodenden-05_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Го пронајдов стариот дневник за готвење на мојата баба – пиварки, орасници, торта со ореви“  Порано вкусот на тестото кое било испечено во старата печка на дрва, ореви...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„На моите деца не им треба идеална и совршена мајка, туку родител што ги сака“ „Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg