Огорченост и злоба се посебен вид на грдотија, тука шминка не помага

ogorchenost-i-zloba-se-poseben-vid-na-grdotija-tuka-shminka-ne-pomaga-01помага.jpg

Фејсбук статусот „Огорченост и злоба се посебен вид на грдотија, тука шминка не помага“ во себе ја носи најголемата вистина.

Кога на некоја личност душата не ѝ е убава, не можеш да ја сакаш.

Не е тоа ушиња поголеми од вообичаено, неправилно носе , претенки усни или криви запчиња, не е слатка мала мана која ќе ја засакаме затоа што таа личност едноставно плени.

Тоа е црна погана душа полна огорченост и злоба, која дури и да е „спакувана“ во најубавото тело и лице, едноставно е одбивна.

Мрачи со својата појава, прави морници да ви минат само затоа што сте во иста просторија.

Да ве навреди, потцени, понижи ѝ е животна желба. Да види како другите страдаат ѝ е духовна храна.

Па, како некој некогаш може да ја сака оваа личност?

Како таа самата може да се сака себеси?

Ужасна енергија, цинични коментари, подбивен тон на глас од утро, па до мрак.

Мислите војна водат меѓу себе во нејзината глава која поцрна да е. Зборовите се борат за кулминација кој најсилна болка ќе предизвика кај другите.

Претажно.

Тажно за околината, но уште потажно за ваквата личност.

Тука ниту шминка, ниту лажни насмевки, ниту лицемерие не помага. Оваа духовна грдотија оддалеку се гледа.

Но, дали таа личност некогаш погледнала кон својот тажен живот исполнет со црнила, кој и не мора да биде таков, но самата таков го прави? Дали таа личност се сетила кога последен пат за туѓа среќа се радувала, кога последен пат ѝ капнала солза радосница и кога последен пат направила добро дело на кое е горда?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не беше тука за мене, ама можам само да ти кажам – благодарам што ме остави сама... Не беше тука за мене кога се плашев, но можам само да ти кажам благодарам што ме...
Коки Јанков и дел од естрадата: Како звучи „Виолина и гитара“ кога ја пеат нашите ѕвезди? (видео) Кога македонската естрада ќе го запее рефренот на хитот „Виолина и Гитара“ тоа з...
Враќање во 90-тите: Најдраматичните сцени во хит-серијата „Касандра“ Лажно обвинување за убиство, киднапирање, заменети идентитети, невозможна љубов,...
Игор Џамбазов како 24-годишно момче, Каролина со тренди фризура во 1999-та: Ретро насловни страници ... 1990-тите и 2000-те беа време кога фотките за насловна се правеа со апарат со фи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg