„Кецашот“ од основно ќе ти стане директор, најодличниот ученик ќе мие садови на брод – дојдено е такво време

Дојдено е такво време, богатите ќе се збогатуваат уште повеќе, сиромашните уште толку ќе осиромашуваат.

Dojdeno-e-takvo-vreme-01.jpg

„Кецашот“ од основно ќе ти стане директор. Најодличниот ученик ќе мие садови на брод.

Дојдено е такво време, будалите се најгласни. Паметните молчат.

Се ценат криминалците. Се понижуваат чесните. Се знаат повеќе странски јазици. Не се знае доволно мајчиниот јазик.

Дојдено е такво време, способните трпеливо ќе ги чекаат своите 5 минути. Неспособните ќе ги избуткаат и утредента ќе им се смеат на неснаодливоста.

Време на секс, време без љубов. Време на инстант бракови и уште поинстант разводи.

Се цени изгледот. Се игнорира карактерот. Сите ти го сакаат телото. Никој не сака да ти ја ѕирне душата.

Дојдено е такво време во кое врие играчки, а нема игра. Во кое децата имаат сè, освен детство.

Време на лажна среќа и вистинска депресија. Врие народ, а нема луѓе.

Дојдено е такво време, хероите се зад тастатура, а пред неправдата сите се неми.

Време во кое човечкиот живот е безвреден, вредни се само парите.

Дојдено е време – невреме.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
Моќна исповед: „По 40 години во училница, ученик ми рече дека ние не сме важни“ „Моите вечери некогаш мирисаа на хартија во боја, светки и лепак. Денес мирисаат...

Најчитани неделава