Како ќе те прелаже жена?

Еден ден, една шивачка седела покрај реката и напрстокот и паднал во водата.

kako-ke-te-prelaze-zena-001.jpg

Таа заплакала, а господарот кој тогаш поминувал ја прашал:

Драго дете, зошто плачеш?

Таа му одговорила дека напрстокот и паднал во реката, а и е потребен затоа што му помага на сопругот да заработи пари и да го издржува семејството.

Господарот ставил рака во водата и извлекол златен напрсток со сафири.

Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал господарот.

Кројачката одговорила: „Не.

Господарот повторно ја спуштил раката во реката и извлекол златен напрсток со рубини.

Дали е ова твојот напрсток?“ – пак ја запрашал.

Кројачката повторно одговорила: „Не.

Господарот повторно ја брцнал раката во водата и извадил кожен напрсток.

Дали е ова твојот напрсток?“ – прашал.

Кројачката одговорила: „Да!

На господарот му било драго што жената била искрена па и ги дал сите 3 напрстоци и жената си отишла дома среќна.
Неколку години подоцна, кројачката шетала покрај реката со својот маж. Тој се сопнал, паднал во реката и исчезнал под водата.

Жената почнала да вика и повторно Господарот се појавил - „Зошто бараш помош?

Ох, Господаре, маж ми падна во реката!

Господарот скокнал во реката и го извлекол Џорџ Клуни.

Дали е ова твојот маж?“ – ја запрашал.

Да!“ – извикала кројачката.

Господарот многу се налутил: „Лажеш, тоа не е вистина!

Кројачката му одговорила: „Ох, простете ми. Тоа е недоразбирање. Видете, да речев „не“ за Џорџ Клуни, вие ќе го извлечевте Бред Пит. Потоа кога ќе кажев „не“ и за него, ќе го извлечевте маж ми. Кога ќе ви кажев „да, тој е“ вие ќе ми ги дадевте сите тројца.“

Господару, јас не сум најдобра со здравјето и не би можела да се грижам за сите тројца, затоа реков „да“ за Џорџ Клуни.

Така Господарот и дозволил да го задржи Џорџ.

Морална порака на приказната:

Кога жените лажат, тоа го прават заради добра и чесна причина и секогаш во интерес на другите.

Би можело да ве интересира:

„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
„На крајот од животот, успех не е тоа колку си имал, туку колку светлина си оставил зад себе“ „Човекот не се памети само по тоа што го направил, туку по тоа како се чувствува...
Поучна приказна: Лавот сфатил дека непријатно мириса - Како само лисицата го надмудрила? Лавот случајно сфатил дека неговата миризба не е баш пријатна. Отишол кај еленот...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...
Сања Савеска за CRNOBELO лексикон: „Во порака на Инстаграм ми пишаа: ‘Ќе се омажиш ли за мене?’“ „Заљубена бев во еден фудбалер и навивав за секој клуб каде играше тој“, напиша ...
Што сакаат жените, кога велат дека веќе не сакаат ништо (од вас)? Под влијание на емоциите, жените можат да донесат непромислени и неразбирливи од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg