Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ретроплов - дали се сеќавате на професорот Балтазар? Поминаа 52 години од првата епизода…

Професорот Балтазар е хрватска анимирана телевизиска серија креирана во периодот од 1967 до 1978 година од страна на легендарните мајстори на анимацијата: Златко Гргиќ, Анте Заниновиќ и Борис Колар, во загрепското филмско студио Zagreb Film.

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar-01.jpg

Анимираната серија брои вкупно 4 сезони, со 59 епизоди, а во 2011 година, сите епизоди беа дигитално преработени и снимени на ДВД изданија.

Цртаниот филм постигна неверојатен успех во следните години во многу земји покрај оние во поранешна Југославија, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска, Финска, Франција, Израел, Италија, Холандија, Норвешка, Нов Зеланд, Португалија, Романија, Шведска, Шпанија, Иран, Грција, Канада и Зимбабве.

Професорот е научник, добронамерен човек, љубител на природата и сите живи суштества, заштитник, борец за доброто против злото, еколог, промотор на толеранција, мир и љубов, духовит, имагинативен, смирен и ненаметлив, корисен и пожртвуван.

Со помош на своите пронајдоци, тој им го олеснува животот на другите луѓе во Балтазар-градот. Цртан филм без насилство, без агресија, каде што сите проблеми се решени хумано и прифатливо во духот на главниот лик.

Дали се сеќавате на Балтазар и заразната мелодија? Можеби беше вашиот омилен цртан филм пред спиење? Време е за… Бал, Балтазар:

https://www.youtube.com/watch?v=HDFjM4GqdsA

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (9).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (8).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (7).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (6).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (5).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (4).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (3).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (2).jpg

Dali-se-sekjavate-na-profesorot-Baltazar (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лара Иванова за CRNOBELO лексикон: „Како дете си ја расеков брадата - лузната ја имам и денес“ „Во градинка бев заљубена во еден Мартин, но сега не знам каде е ниту што прави“...
Златко Јовановски за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж помислив дека не е толку добро како што оч... „Се сеќавам, требаше да го стоплам ручекот, зашто моите не беа дома. Кога се вра...
Тони Зен за CRNOBELO лексикон: „Ме фати срам по првиот бакнеж“ „Украдов бостан од десет кила од едно пазарче, тоа е најголемата беља што сум ја...
Луди работи кои ги правевме во времето на „Млади бунтовници“ (денешните деца нема да ги разберат) Праќавме СМС пораки за кратка содржина за новата епизода, собиравме постери и сл...
Пиевме сок од пластични чашки, жените носеа лисици на врат - Фотки кои будат носталгија по среќното ... Бевме деца седнати пред телевизор и секоја вечер во 7 чекавме да почне цртаниот ...
Гледавме „Опуштено“, купувавме филмови од тезга - Работи што ги правевме пред 15 години, а сме ги за... За во автобус купувавме хартиени билети, гледавме филмови на DVD со сомнително п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg