Тони Зен за CRNOBELO лексикон: „Ме фати срам по првиот бакнеж“

„Украдов бостан од десет кила од едно пазарче, тоа е најголемата беља што сум ја направил како дете“ - напиша Тони Зен во нашиот лексикон. 

toni-zen-za-crnobelo-leksikon-me-fati-sram-po-prviot-baknezh-01.jpg

Еден од нашите најпопуларни рапери, Тони Зен, е дел од домашната музичка сцена преку 20 години.

За сето ова време неговата популарност не само што не спласна, туку тој создаде хитови со кои растеа неколку генерации.

Низ годините, Тони го менуваше стилот на песните, а сепак остана доследен на себе и тоа што го работи.

Тони се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com и овој пат ни откри интересни работи за себе кои не ги споделува многу во јавноста:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Тони Петковски - Зен.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

21.07.1983, Рак во хороскоп.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Немам такво нешто.

toni-zen-za-crnobelo-leksikon-me-fati-sram-po-prviot-baknezh-05.jpg

4. Имаш ли омилена книга?

„Патот на Зенот“ од Алан Вотс.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Повеќе се, немам омилен или омилена, исто и за филм и серија.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Скијање ми е омилен спорт, има повеќе скијачи што ми се фаворити , како во алпско, така и во фрирајд натпреварувањето.

toni-zen-za-crnobelo-leksikon-me-fati-sram-po-prviot-baknezh-031.jpg

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имаме куче, Алф се вика.

8. Која е најчудната/најсмешната порака што си ја добил на Инстаграм?

„Те поштуем брат, ти си мој голем фан (ха-ха)“.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Ски инструктор, рапер/диџеј.

toni-zen-za-crnobelo-leksikon-me-fati-sram-po-prviot-baknezh-02_copy.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Пица и пиво.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Сите другари ми се најдобри другари.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев добар ученик, нормално дека физичко ми беше омилен предмет.

toni-zen-za-crnobelo-leksikon-me-fati-sram-po-prviot-baknezh-06.jpgТони е момчето во жолт џемпер

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Немам идоли.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Радован Бохоушек.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Граница, долга магарица, жмурка, народна, џамлии...

toni-zen-za-crnobelo-leksikon-me-fati-sram-po-prviot-baknezh-07.jpgТоние е горе десно, во црвената блуза

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Александра П. Илиевска за CRNOBELO лексикон: „Си го прифатив носот кој долго планирав да го оперирам... „Додека носев шишки ме прашаа кое тенџере е примерокот по кој ме шиша фризерот“,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg